Тврди дека нејзината болест му го уништила сексуалниот живот, имал афера со менаџерката – Детали за разводот на Шенон Доерти со третиот сопруг
- Детали
- понеделник, 24 април 2023
Бившите сопрузи ја обвинуваа за насилство и закани. Се чинеше дека Шенон Доерти конечно успеа да ја најде среќата на љубовен план, но по 11 години брак, актерката најави дека се разведува. Познато е дека откако таа се разболе од рак на дојка, нејзиниот сопруг ги тужел менаџерите на актерката затоа што му го уништиле сексуалниот живот, а причината за разводот, наводно е аферата што тој ја имал со менаџерката.
Непосредно откако го прослави својот 52-ри роденден, светските медиуми и таблоиди објавија дека актерката Шенон Доерти се разведува од сопругот Курт Исвариенко по 11 години брак.
Како можна причина за разводот, меѓу другото се наведува дека најверојатно Курт имал вонбрачна афера додека актерката се бори со рак на дојка, а според TMZ парот бил разделен уште од јануари годинава.
„Разводот е последното нешто што Шенон го сакаше. За жал таа немаше друг избор.
Можете да стапите во контакт со агентката на Курт, Колиер Грим, бидејќи таа е интимно вклучена во ситуацијата“ – изјавила менаџерката на Шенон.
Оваа изјава предизвика повеќе шпекулации, заради што се верува дека Курт имал афера со неговата менаџерка Колиер Грим.
Инаку ова е трет развод на Шенон, а актерката зад себе има бурно љубовно минато исполнето со скандали.
Иако претходно актерката тврдеше дека борбата со ракот ги зближила повеќе со сопругот, факт е дека непосредно по дијагнозата во 2016-та година, Курт ги тужеше менаџерите на Шенон затоа што „му го уништиле сексуалниот живот“.
Тој во тужбата наведе дека менаџерите дозволиле да истече осигурителната полиса на Шенон, што предизвикало таа да има застој во лекувањето.
Според Курт, здравствената состојба на неговата сопруга можела да се лекува со неинванзивни методи, доколку менаџерскиот тим навреме си ја завршел работата и не ја оставел без осигурување.
Како резултат на нивната небрежност, актерката морала да се лекува со масектомија, хемотерапија и радијација, а заради болеста Шенон не можела веќе да му ги понуди на Курт сите ‘придобивки од бракот’.
Парот претрпел загуба на љубовта, партнерството, моралната поддршка, како и на сексуалните односи – стоело меѓу другото во тужбата.
Кон тужбата тогаш се приклучи и Шенон, по што беше постигната спогодба, и таа доби отштета од 15 милиони долари.
Инаку, пред да стапи во брак со Курт, Шенон имаше бурно љубовно минато.
На само 19 години таа стекна светска слава благодарение на улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс“, но заради тешкиот карактер важеше и за „злобна“ девојка.
Имаше голем број љубовни врски со колегите актери, како Џад Нелсон, Џулијан Мекмахон, Роб Вајс, но и со Лук Пери од серијата „Беверли Хилс“.