Тврди дека нејзината болест му го уништила сексуалниот живот, имал афера со менаџерката – Детали за разводот на Шенон Доерти со третиот сопруг
На почетокот на 1993-та година накратко беше свршена со наследникот на Max Factor, Дин Џеј Фактор, но оваа љубовна приказна заврши несреќно.
Имено, Дин бараше од полицијата да ѝ одредат забрана за приоѓање затоа што наводно му се заканувала дека ќе го застрела со пиштол.
Тој тврдеше дека со неа честопати имале бурни расправии, a во една прилика тој морал да се заклучи во тоалетот затоа што стравувал за сопствениот живот.
„Во еден миг почна да се заканува дека ќе ме застрела, а знаев дека има наполнет пиштол. Кога слушнав дека се тргна, побрзав да побегнам од задната врата“ – тврдеше Дин.
Тој рече дека актерката за време на врската сакала да го прегази со автомобил, еднаш со дрво му го скршила прозорецот, а наводно му рекла дека ќе плати некому за да го претепа.
Истата година, Шенон се омажи за Ешли Хамилтон, синот на актерот Џорџ Хамилтон, по само две недели врска. Но, бракот заврши по само 6 месеци, а Ешли тврдеше дека Шенон му се заканувала.
Вториот брак ѝ беше со Рик Саломон, американскиот професионален играч на покер, кој на јавноста ѝ е најпознат по секс-снимката со Парис Хилтон, а исто така беше во брак со Памела Андерсон.
Бракот со него ѝ беше поништен по само 9 месеци.
Третиот сопруг Курт, го запозна во 2008-ма година додека тој беше во брак со актерката Тарин Бенд, но, тој набрзо се разведе и започна врска со Шенон.
Ја запроси 3 години подоцна, а се венчаа во 2011-та година на интимна церемонија во Малибу. Четири години уживаа во брачниот живот, но потоа пристигнаа лошите вести за здравствената состојба на Шенон.
По лекувањето, одреден период ракот беше во ремисија, но во февруари 2020-та година повторно се врати.
Б. С. Б. | Црнобело