Славни парови кои признаа дека имале секс во авион: „Сите знаеја што сме правеле во тоалетот“ (18+)
- Детали
- недела, 23 април 2023
„Имав секс во авион а еден маж упорно нѐ гледаше, ја викнав стјуардесата за да му каже да не нѐ гледа“ – откри во една прилика манекенката Кара Делевињ. Кои познати личности открија дека дозволиле да ги понесат страстите додека биле на лет во авион?
Кристина Агилера (46) неодамна гостуваше во еден поткаст каде отворено говореше за своите сексуални искуства и призна дека имала секс и во авион.
Пејачката која од 2014-та година е свршена за Метју Рутлер даде изјава во која призна дека тие двајца имале секс во авион повеќепати:
„Сексот во авион може да биде забавен. Дефинитвно скривме некои работи под ќебињата кога седиштата беа доволно големи. Не ми се верува дека не нѐ фатиле толку многу пати во голем број ситуации. Фала му на Бога“ – рече таа.
Но, Кристина Агилера не е првата славна личност што отворено призна дека имала секс во авион.
Отворено за своите сексуални искуства во авион говореле и други познати личности.
Погледнете дел од нив во продолжение:
Криси Тајген и Џон Леџенд
Во една прилика Криси откри дека таа и Џон биле на пат да ги посетат нејзините родители во Тајланд и летале со патнички авион во прва класа:
„Бевме под ќебе. Чувствувам дека треба да ни дадат трофеј за тоа“ – рече Криси.
Миранда Кер
Поранешниот модел на Victoria’s Secret беше отворена дека имала сексуално задоволство додека патувала со авион. Како што рече, имала секс со партнер, но уживала и во мастурбирањето.
„Да кажеме вака: сум имала оргазам додека сум летала претходно. Сама и со некој друг“ – рече таа.
Крис и Кејтлин Џенер
Крис и Кејтлин Џенер, која во минатото беше позната како маж под името Брус, беа во брак повеќе од 15 години.
Крис во една прилика призна дека мигот во кој се чувствувала најзасрамено е кога ги фатиле како имаат секс во авионот.
„Моментот во кој што сум се почувствувала најзасрамено е кога летавме заедно со Кејтлин во патнички авион во прва класа.
Имавме секс во тоалетот и мислевме дека се извлековме, затоа што кога излеговме никој не ни рече ништо“ – рече таа и појасни дека откако слетале сфатиле дека биле фатени на дело и сите ја знаеле нивната тајна.
Ким Кардашијан
Во една прилика додека одговараше на прашања од обожаватели, Ким Кардашијан призна дека имала секс во авион.
Таа не откри со кого имала секс во височините, но призна дека научила нешто од нејзината мајка:
„Бевме во приватен авион. Не бевме во патнички авион и тоа беше меѓународен, ноќен лет, кога немаше никој друг околу нас“ – рече таа.
Кара Делевињ
Манекенката Кара Делевињ призна дека имала секс во авион повеќепати, а дека дури еднаш тоа го правела додека друг маж ја гледал.
„Сум имала повеќепати секс во авион. Но, секогаш ме фаќале. Многу е тешко да не те фатат.
Имав секс на седиште во авионот и имаше еден маж што нè гледаше. Дури и се пожаливме кај стјуардесата дека човекот постојано гледа во нас, и ја замоливме да му каже да се сврти“ – рече таа.
Ралф Фајнс
Во 2007-ма година една стјуардеса призна дека имала секс со актерот Ралф Фајнс во тоалет, додека летале од Дарвин до Бомбај.
Стјуардесата прво не признаваше, а потоа потврди дека имале секс во тоалетот, но стравувала дека може да го загуби работното место.
„Знам дека некои луѓе мислат дека е одвратно. Не се гордеам за тоа што го направив. Но, не жалам за тоа. Ралф е прекрасен и хемијата меѓу нас беше прекрасна. Која жена не би сакала да води љубов со него?“ – праша таа.
Џенет Џексон
Џенет Џексон во една прилика откри дека имала секс во авион додека околу неа имало други патници.
На прашањето кое е најлудото место каде што имала секс, познатата пејачка рече дека тоа било во патнички авион.
На прашањето дали била во тоалет или некаде каде што никој нема да ги види, пејачката одговори:
„Не, тоа е она заради што целото искуство беше полошо – имавме секс во моето седиште!“
Б. С. Б. | Црнобело