Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
QA Engineer 10-02-2025
.Net Developer 10-02-2025


„Велеше дека оди на куглање, а се враќаше во 3 часот наутро“ – Како Роман Абрамович ги изневерувал сопругите?

„Дури подоцна, откако дознав за аферата со Ирина, сфатив дека во Москва ниту една куглана не работи до 3 часот наутро“ – рече во една прилика првата сопруга на Роман Абрамович. Кои биле трите сопруги на познатиот руски милијардер и колку „заработиле“ од разводот со него?

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-01.jpg

Роман Абрамович е познат руски милијардер и тајкун, кој во минатото привлекуваше големо внимание како сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“.

Но, иако на поле кариера е мошне успешен, истото не може да се каже на приватен план.

Абрамович стапуваше во брак трипати, има седум деца, а со две од трите сопруги се разведе бидејќи ги изневеруваше.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-02.jpg

Неговите поранешни сопруги долги години по разводите открија кои биле причините заради кои нивниот брак не успеал.

Олга Јуревна Лисова

Првата сопруга на Роман е Олга Јуревна Лисова со која се венчал во 1987-ма, а нивниот брак траел само 3 години.

Олга е ќерка на влијателен руски дипломат и е 3 години постара од тогаш 20-годишниот Роман, кој во тоа време само сонувал за богатството што го поседува денес.

Тие веднаш се вљубиле еден во друг и по само 8 недели врска, одлучиле да стапат во брак.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-03.jpg

Токму родителите на Олга се „виновни“ за првите бизнис успеси на младиот Роман Абрамович. Тие на парот како свадбен подарок му дале 2.000 рубљи, што Роман ги искористил за да набави парфеми, хулахопки, пасти за заби и дезодоранси, што потоа ги препродавал на црниот пазар.

На овој начин, успеал да заработи трипати повеќе пари, а потоа истите да ги вложи во отворање фабрика за играчки.

Но, набрзо потоа следела кризата во бракот. Абрамович, додека летал со авион, ја запознал стјуардесата Ирина Маландина, која ќе му стане идна сопруга.

Олга во една прилика изјави дека Роман во тој период лажел дека оди на куглање додека ја изневерувал со стјуардесата.

„Неколкупати одеше на забави и ми велеше дека се работи за бизнис состаноци и дека ќе бидат само мажи. Или знаеше да ми каже дека ќе оди на куглање и се враќаше во 3 часот наутро.

Дури подоцна, откако дознав за аферата со Ирина, сфатив дека во Москва ниту една куглана не работи до 3 часот наутро“ – вели таа.

Иако Олга му помогнала да стигне до богатството што го има денес, по разводот, таа од Роман не добила ништо. Ја оставил да живее во еднособниот стан што го делеле со ситен износ пари.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-04.jpg

Ирина Маландина

Втората сопруга на рускиот милијардер е Ирина Маландина, со која беше во брак од 1991-ва до 2007-ма година и заедно имаат пет деца.

Само пет месеци по првата средба со Абрамович, Ирина останала бремена и ја роди ќерката Ана, а подоцна добија уште 4 деца заедно.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-09.jpg

На почетокот тие живееле со мајката на Ирина, а потоа се преселиле во Германија заради работата на милијардерот. Таа беше заедно со него во 2003-та година кога тој го откупи „Челзи“, а се разделија 4 години подоцна.

По разводот, Ирина се трудеше колку е можно повеќе да се чува подалеку од очите на јавноста и да не дава изјави за медиумите.

Додека беше во брак со Ирина, Роман веќе ја почнал аферата со следната негова сопруга - Даша Жукова.

По разводот, Ирина од Роман доби 150 милиони фунти и денес нивниот развод се смета за еден од најскапите во историјата.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-05.jpg

Даша Жукова

Даша Жукова е колекционер на уметнички дела со руско-американско потекло. Таа е сосема различна од претходните сопруги на Абрамович и обожава постојано да биде во фокусот на вниманието.

Даша работела како главен уредник на модното списание Garage, а со Роман се венчаа во 2008-ма година и заедно добија две деца.

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-11.jpg

По 9 години брак, во 2017-та година, со писмено соопштение најавија дека се разведуваат, но рекоа дека и понатаму ќе останат во пријателски односи и дека ќе продолжат да работат како партнери на нивните заеднички проекти.

Наводно, по разводот, Даша, која е ќерка на рускиот тајкун Александар Жуков, добила парична отштета во износ од 200 до 300 милиони долари.

Само две години по разводот, таа се омажи за грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос Втори.

Прочитајте и Поседува дел од Месечината: 12 докази дека парите не се проблем за Роман Абрамович

veleshe-deka-odi-na-kuglanje-a-se-vrakjashe-vo-3-chasot-nautro-kako-roman-abramovich-gi-izneveruval-soprugite-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg