Бившата на милијардерот Роман Абрамович, со новиот 4 години помлад сопруг милијардер, ужива во Сент Мориц (фото)
- Детали
- вторник, 05 јануари 2021
20 години постариот Роман Абрамовиќ за неа купи „дел“ од Месечината, но сега убавата Русинка очекува дете со новиот сопруг, исто така милијардер.
Даша Жукова (39), беше трета сопруга на милијардерот Роман Абрамовиќ (59). Имаат две деца заедно, а тој дури ѝ купи „имот“ на Месечината, но парот се разведе во 2017 година.
Даша Жукова, сопственичка на уметничка галерија во Москва, сега е на патување со својот нов сопруг, 4 години помладиот милијардер Ставрос Ниаркос. Таа со богатиот грчки наследник ужива во ски ресортот Сент Мориц во Швајцарија.
Неодамна во медиумите излезе информацијата дека Даша е бремена со нивното прво заедничко дете. Таа со Абрамовиќ има 11-годишен син и 7-годишна ќерка.
Посетата на овој швајцарски ски центар ќе му врати убави спомени на парот. Даша и Ставрос се венчаа токму таму пред една година.
Прочитајте и Поседува дел од месечината: 12 докази дека парите не се проблем за Роман Абрамович
Фотки од вљубениот пар:
С. С. | Црнобело