Сакаше да го смени полот, израсна во женствена тинејџерка - трансформацијата на Шајло Џоли Пит низ годините (фото)
- Детали
- недела, 09 април 2023
Шајло Џоли Пит го привлекува вниманието на јавноста од моментот кога се роди, во 2006 година. Како прво биолошко дете на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло отсекогаш им била интересна на медиумите и на фановите на нејзините славни родители.
17-годишната тинејџерка денес честопати блеска на црвениот тепих покрај својата мајка и воодушевува со прекрасната насмевка.
Но, таа беше подеднакво слатка и како дете, кога сакаше да се облекува како момче и носеше кратка коса.
Кога Шајло имаше 2 години, во интервју Бред откри дека таа се поистоветува со момче.
„Сака да ја викаме Џон. Ако ѝ се обратам со Шајло, ме поправа дека е Џон или само молчи.
Ако ѝ го поставам истото прашање, но овој пат употребам Џон, ќе ми одговори. Тоа се тие родителски слатки маки“ – рече Пит во интервјуто.
Слична изјава во 2020-та година имаше и Анџелина.
„Таа е фасцинантна со изборите што ги прави иако има само 4 години. А јас не сум родител што ќе го тера своето дете да оди против себе“ – рече Џоли во интервју кога ја прашаа зошто нејзината ќерка се облекува во облека за момчиња.
Сепак, пред две години, Шајло доживеа вистинска трансформација – почна да носи фустани, ја пушти косата и почна да користи природна шминка за да ги истакне очите и усните.
Светот одеднаш беше воодушевен од новиот изглед на Шајло и нејзината тинејџерска фаза.
Таа и денес знае да облече широки маички или дуксери комбинирани со машки панталони, но тоа го носи со многу женственост.
Од неодамна Шајло и танцува, па на интернет често се појавуваат видеа од нејзините танцови кореографии.
Нејзиниот татко не крие колку е горд на Шајло, па рече:
„Очите ми се насолзуваат кога ја гледам како игра“.