„Изгледам како болно куче, ми се гади кога се гледам во огледало“: Бела Хадид отворено зборува за лајмската болест

„Мразам да се погледнам во огледалото или да се фотографирам, особено во последно време. Искрено, ми се гади кога се гледам. Години и години со ова“, вели Бела Хадид во видео на Инстаграм Стори во кое зборува за лајмската болест и другите проблеми со здравјето.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-01.jpg

Бела Хадид честопати зборува за нејзината депресија, но супермоделот има проблеми и со физичкото здравје.

26-годишната Бела страда од лајмска болест, а во објава на Инстаграм Стори прозборе за предизвиците со коишто се соочува.

Истовремено, Бела откри и дека имала инфекција на вилицата предизвикана од заб, која дополнително ѝ ги влошила симптомите од лајмската болест.

„Изгледам како болно куче. Болката од вилицата се прошири по целото тело. Оваа болка е нешто поразлично“, вели Бела во видеото.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-otvoreno-zboruva-za-lajmskata-bolest-11.jpg

Покрај треската и заморот, лајмската болест предизвикува и осипи на кожата кои можат да бидат болни. Доколку болеста не се третира, може да се прошири до срцето и до нервниот систем.

Бела сподели и фотка на која покажа како изгледа нејзиното лице кога симптомите од болеста се влошуваат, додавајќи дека во тие мигови се мрази себеси.

„Мразам да се погледнам во огледалото или да се фотографирам, особено во последно време. Искрено, ми се гади кога се гледам. Години и години со ова“.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-03.jpg

Супермоделот истакнува дека болеста е уште попроблематична бидејќи таа работи како супермодел и треба постојано да биде фотографирана.

„Ако погледнете мои професионални фотографии од изминатите осум години, ќе можете да ја забележите разликата кога имам осип и кога сум здрава. Како да сум друга девојка“.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-06.jpg

Бела вели дека кога е под стрес, како сега поради инфекцијата на вилицата, симптомите можат значително да ѝ се влошат.

„Кога работам многу, кога сум под стрес, ми се менува бојата на кожата, ми се појавуваат акни, летаргична сум, имам хронична анксиозност, нула мотивација, депресивна сум“.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-07.jpg

Бела открива дека наскоро ќе го вади забот што ѝ ја предизвикал инфекцијата и само сакала да ги извести фановите за состојбата.

„Ви благодарам што го изгледавте видеото. Тоа што знаете малку повеќе за мене е важен дел од моето секојдневие. Навистина ми значи и се чувствувам поблиску до вас. Ве сакам многу, многу, многу. Мои ангели“, им порача на следбениците.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-09.jpg

Бела била дијагностицирана со лајмска болест на 16-годишна возраст. На 14, пак, почнале проблемите со менталното здравје и почнала да пие седативи „на своја рака“ бидејќи се чувствувала многу депресивно.

Претходно таа има откриено дека никој не ѝ верувал дека постојано се чувствува мизерно и болно, освен мајка ѝ.

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-02.jpg

Откако променила неколку лекари, Бела конечно добила соодветна дијагноза за менталното здравје.

Со цел да ја зголеми свесноста за лајмската болест, но и депресијата и анксиозноста, Бела честопати зборува за нејзината состојба.

Прочитајте повеќе: Бела Хадид со солзи во очите проговори за менталното здравје: „Се чувствувам виновно што имам депресија“

izgledam-kako-bolno-kuche-mi-se-gadi-koga-se-gledam-vo-ogledalo-bela-hadid-se-otvori-za-lajmskata-bolest-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg