Бела Хадид со солзи во очите проговори за менталното здравје: „Се чувствувам виновно што имам депресија“

„Плачев постојано. Се чувствував виновна затоа што го имам овој прекрасен живот, но сепак имам депресија“ – Бела Хадид сподели фотографии на кои плаче и се отвори за сопствените проблеми со менталното здравје.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-01.fw.png

Моделот Бела Хадид (25) одлучи во целост да се отвори пред обожавателите и уште еднаш да им покаже дека иако и нејзиниот живот изгледа совршен на Инстаграм и во списанијата, сепак и таа има проблеми и се бори со менталното здравје.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-02.jpg

Таа објави повеќе фотографии на кои плаче, и откри дека се почувствувала охрабрена да проговори искрено, откако Вилоу Смит (21), ќерката на Вил Смит јавно проговори за нападите на анксиозност на сцената.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-03.jpg

Долгиот опис на Инстаграм, Бела го започна со пофалба и благодарност до Вилоу, а потоа јавно се исповеда за тоа како изгледа со години наназад да се бориш со проблемите со менталното здравје.

„Тоа чувство и размислувањето дека не си доволно добар или несигурен за сопствената уметност сметам дека е природно, но истовремено, чувствувам и дека сме го научиле.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-04.jpg

Сите луѓе се различни, секој човек има нешто посебно и единствено да понуди, а понекогаш луѓето забораваат дека сите ние во основа се чувствуваме исто: изгубени, збунети и не сме во целост сигурни зошто сме тука. Таа вознемиреност ја чувствуваме сите – и се обидуваме да ја прикриеме на некој начин.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-05.jpg

Ќе се обединиме во нашите недостатоци, во несигурностите, во моментите кога сме радосни и среќни и ќе прифатиме дека сето тоа е убаво и природно.

Ова го правам секој ден, секоја ноќ. Неколку години наназад.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-06.jpg

Социјалните мрежи не се реалност. Сите вие што имате проблеми, треба да го запомните тоа. Понекогаш потребно е да слушнете дека не сте сами, па затоа ви велам дека не сте сами. Ве сакам, ве гледам и ве слушам.

Самопомошта и болестите со менталното здравје/хемискиот дисбаланс не се линеарни и понекогаш тоа е како да сте на постојан ролеркостер со пречки…

Имате воздигнувања и падови, и удирања во страна. Но, сакам да знаете дека секогаш светлото е на крајот на тунелот и тој ролеркостер секогаш доаѓа до целосен застој во еден миг.

(Секогаш можете да почнете од почеток, но мене секогаш ме охрабрува помислата дека дури иако ми требаат неколку денови, недели или месеци, сепак ќе бидам подобро, во некоја смисла, па дури ако е и само за миг).

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-07.jpg

Ми требаше долго време за да го сфатам тоа, но имав премногу падови за да го знам ова: ако работите доволно добро на себеси, ако поминувате време сами за да ги осознаете сопствените трауми, што е она што ги поттикнува немирите, што е она што ве радува и рутината, секогаш ќе бидете во можност подобро да ја сфатите сопствената болка и како да се справите со неа.

Тоа е единственото нешто што можете да го побарате од себеси. Не знам зошто, но чувствувам дека е сè потешко да не ја споделам сопствената вистина со вас, ви благодарам што ме гледате и што ме слушате. Ве сакам“

Инаку, ова не е првпат Бела да се отвори и да проговори за сопствените проблеми со менталното здравје.

Во интервју за Vogue таа рече дека на почетокот на нејзината кариера луѓето ѝ се потсмевале затоа што никогаш не се смеела, а таа вели дека тоа се должело на тоа што во тој период навистина не била во добра здравствена состојба.

Во 2019-та година, пак, изјави дека на почетокот на кариерата на 18-годишна возраст работела дневно по 14 часа во период од четири месеци и била емотивно нестабилна.

„Плачев секое утро, за време на паузите за ручек и пред да легнам да спијам. Се чувствував виновна затоа што имав можност да го живеам овој прекрасен живот, ги имав сите можности, но сепак имав депресија. Немаше никаква смисла“ – рече таа.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-08.jpg

Во последните неколку години наназад Бела отворено говори за проблемите со менталното здравје и се обидува да ги дестигматизира проблемите со менталното здравје кај јавноста.

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-09.jpg

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-10.jpg

bela-hadid-so-solzi-vo-ochite-socijalnite-mediumi-ne-se-realnost-site-nie-sme-izgubeni-zbuneti-i-nesigurni-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Збогум музичари и режисери – Бела Хадид е вљубена „до уши“ во згоден каубој (видео) „Ова е мојот Валентин“ – Бела Хадид конечно го покажа згодниот каубој со кого ја...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Упс, нова сум во ова“ – Како Парис Хилтон одговара на критиките дека не е добра мајка? Во една епизода од реалното шоу призна дека 1 месец по раѓањето на синот уште не...
Славни жени кои отворено зборуваа за траумата од нивните спонтани абортуси Меган Маркл откри дека имала спонтан абортус додека го држела својот син Арчи, к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg