Џеј Ло си го мрази задникот, Селена Гомез ушите – Какви комплекси за изгледот имаат познатите дами?
Џесика Алба
Актерката не можела да го прифати своето тело по бременоста.
Вели дека најмногу ги мразела стриите и промените на градите.
Џенифер Лоренс
Џенифер Лоренс е убедена дека на почетокот од кариерата имала вишок килограми.
Овој комплекс го добила од луѓето во филмската индустрија кои ја терале да ослаби.
Денес таа вели дека е задоволна од изгледот и не пробува да држи диети.
Кејли Куоко
Ѕвездата од Big Bang Theory го мрази својот глас.
Поради ова, вели дека никогаш не ги гледа нејзините филмови и серии.
Ума Турман
Ума Турман ја мразела својата насмевка уште од детството.
Всушност, токму поради ова, во поголемиот дел од кариерата не се насмевнува на фотографии.
За среќа, сега кога е повозрасна, вели дека ги надминала комплексите.
Натали Портман
Додека во минатото жените си цртале бенки на лицето, Натали Портман ја мрази нејзината.
До денес, таа скоро секогаш пробува да ја скрие со косата или со многу шминка.
Селена Гомез
Младата пејачка го мрази изгледот на нејзините уши – детаљ што другите веројатно не го ни забележуваат.
„Не знам дали сте забележале, но скоро секогаш си ги кријам ушите зад косата“, изјави во интервју.
Џенифер Лопез
Иако сите се восхитуваат на телото на Џеј Ло, таа не е задоволна од својот изглед.
„Многу сум широка во колковите, а имам тесни рамена. Задникот ми е толку голем, што ни луѓето кои ми ги средуваат фотографиите и видеата не знаат како да го скријат“.
Спирова С. | Црнобело