Џеј Ло си го мрази задникот, Селена Гомез ушите – Какви комплекси за изгледот имаат познатите дами?
- Детали
- сабота, 08 април 2023
„Нема ништо посебно кај мене. Имам обично тело. Не си ги сакам нозете и стомакот. Имам полно лице и кратки нозе“ - изјави Скарлет Јохансон која за многумина е најубавата жена во светот. Кои други познати дами имаат комплекси во врска со својот изглед?
Иако многу девојки и жени сонуваат да изгледаат како Пенелопе Круз или Џеј Ло, и овие познати дами имаат комплекси во врска со својот изглед.
Без разлика што ние ги гледаме како совршени, тие не се задоволни од своето тело или своето лице.
Какви комплекси имаат познатите дами?
Сандра Булок
Актерката има изјавено дека ја мрази својата смеа. Таа смета дека кога се смее, звучи како хиена.
Викторија Бекам
Сопругата на Дејвид Бекам е убедена дека има грда насмевка.
Токму поради ова, Викторија не се смее на скоро ниту една фотографија.
Скарлет Јохансон
Иако за многумина Скарлет Јохансон е најубавата жена во светот, актерката има сосема поразлично мислење за себе:
„Нема ништо посебно кај мене. Имам обично тело. Не си ги сакам нозете и стомакот. Имам полно лице и кратки нозе“.
Џулија Робертс
Иако насмевката е највпечатливиот адут на Џулија Роберт, таа смета дека има многу голема уста.
Истовремено, таа не е задоволна и од својот целокупен изглед:
„Кога ќе погледнам во огледалото, гледам преслаба жена со големи подочници“.
Пенелопе Круз
Познатата актерка го мрази своето тело и смета дека е премногу слаба.
„Навистина би сакала задникот да ми е барем малку поголем, но она што го немаш, го немаш“.
Парис Хилтон
Богатата наследничка е несигурна за големината на нејзините стапала.
Парис е висока 173 сантиметри и нормално е да има поголеми стапала, но вели дека ги мрази.
Поради ова, избегнува рамни чевли бидејќи смета дека прават стапалата да ѝ изгледаат уште поголеми.