Скопје, 26.09.2024 – ОКТА продолжува со реализација на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, како јасен показател за посветеноста на компанијата за зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Дел од годинешните активности предвидени со платформата ќе се реализираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а се опфатени во новиот Меморандум за соработка, со кој во следните три години се продолжува партнерството на ОКТА со оваа институција.