72% од европските патници сакаат да ги надминат јазичните бариери за подобро искуство

Истражувањето „Found in Translation“ на Samsung покажува дека јазичните потешкотии ги задржуваат луѓето во зоната на комфор во туристичките атракции.

72-otsto-od-evropskite-patnici-sakaat-da-gi-nadminat-jazicnite-barieri-za-podobro-iskustvo-01.jpg

Скопје, 27 септември 2024 г. – Во соработка со актерот од серијата „Emily in Paris,“ Самуел Арнолд (Samuel Arnold), кој често патува низ светот, Samsung, исто така, лансираше платформа за патувања каде потенцијалните авантуристи можат да најдат повеќе информации за тоа како да го подобрат своето искуство преку вештачката интелигенција (AI).

Во врска со оваа соработка, Samsung го објави истражувањето „Found in Translation“ кое открива дека 72% од европските туристи[1] признаваат дека нивните искуства во странство би се подобриле доколку можат подобро да комуницираат со локалните жители.

За да помогне во ова, Samsung ги охрабрува патниците да ја тестираат својата Galaxy AI технологија на нивното следно патување.

Истражувањето открива дека повеќе од една третина (35%) од Европејците се борат да побараат насоки, да разберат локални обичаи (29%), па дури и да нарачаат храна (26%) – со половина од патниците (50%) признавајќи дека покажуваат на менијата!

Истражувањето, исто така, покажа дека поради јазичните потешкотии луѓето остануваат во зоната на комфор на туристичките атракции, при што речиси три четвртини (72%) од Европејците изјавуваат дека би откриле повеќе скриени богатства доколку можат да зборуваат со локалните жители, а една четвртина (25%) признаваат дека се одвраќаат од патување до омилените дестинации бидејќи не го зборуваат локалниот јазик.

72-otsto-od-evropskite-patnici-sakaat-da-gi-nadminat-jazicnite-barieri-za-podobro-iskustvo-02.jpg

Функциите Превод во живо (Live Translate) и Преведувач (Interpreter) можат без проблем да го решат ова во реално време, а тоа значи дека повеќе нема да имате „изгубени во превод“ моменти.

Со функцијата Преведувач (Interpreter), тие можат да комуницираат со локалните жители за да откријат возбудливи места што само вистинските жители ги знаат. На новиот Galaxy Z Flip6, тие можат да го користат новиот режим за разговор кој им овозможува на двете страни удобно да ги гледаат преводите на главниот и на надворешниот екран за полесен разговор. Со функцијата Превод во живо (Live Translate)[2], тие можат да го резервираат своето патување преку телефон – од локални резервации во ресторани до излети.

Љубителите на патувања имаат огромна желба да бараат авантури, при што 63% признаваат дека користат социјални медиуми за да откријат нови дестинации, скриени богатства и уникатни патувачки искуства. Функцијата Пребарување со заокружување (Circle To Search)[3] овозможува брзо и едноставно пронаоѓање на тие информации со едноставна гестикулација. Со само едно движење на прстот, резултатите ќе покажат каде можат да ги најдат своите посакувани локации, сувенири или јадења.

Совршената фотографија од вашето патување е важна за зачувување на спомените. Младите се согласуваат со ова, при што 27% од младите на возраст од 18-34 години велат дека нивните фотографии од одмор биле уништени од луѓе во позадина што не ги познаваат. Функцијата Помош за фотографирање (Photo Assist)[4] оди подалеку од основните поставки, овозможувајќи им на патниците лесно да ги уредуваат фотографиите – како отстранување на непожелни луѓе на фотографиите – за спомените да останат засекогаш совршени.

72-otsto-od-evropskite-patnici-sakaat-da-gi-nadminat-jazicnite-barieri-za-podobro-iskustvo-03.jpg

Белешки за уредниците

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

За функциите Превод во живо (Live Translate) и Преведувач (Interpreter)

Превод во живо (Live Translate) обезбедува двонасочни, гласовни и текстуални преводи на телефонски разговори во реално време, олеснувајќи ги резервациите при патување или разговорот со вашите баби и дедовци на нивниот мајчин јазик. Поддржани јазици се: кинески, англиски (Индија, Обединето Кралство, САД), француски, германски, хинди, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), шпански (Мексико, Шпанија, САД), тајландски и виетнамски.

Преведувач (Interpreter) може веднаш да преведува разговори во живо преку едноставен приказ на поделен екран, овозможувајќи им на луѓето што стојат еден спроти друг да прочитаат текстуален превод на тоа што другата личност го зборува. Поддржани јазици се: кинески, англиски (Индија, Обединето Кралство, САД), француски, германски, хинди, италијански, јапонски, корејски, полски, португалски (Бразил), шпански (Мексико, Шпанија, САД), тајландски и виетнамски.

За користење на Galaxy AI функциите потребна е софтверската надградба One UI 6.1. Функцијата Превод во живо (Live Translate) за време на повиците е достапен на серијата Galaxy S24, серијата S23, S23 FE, серијата S22, Z Fold6, Z Flip6, Z Fold5, Z Flip5, Z Fold4, Z Flip4, серијата Tab S9 5G и на серијата Tab S8 5G.

Истражувачка методологија:

Спроведено од: Opinium Research

Примерок: 12.000 возрасни од Обединетото Кралство, Шпанија, Франција, Италија, Германија и Полска

Датуми на теренска работа: 11-ти до 19-ти јули 2024 година

[1] Истражувањето беше спроведено во јули 2024 година од страна на Opinium Research, кое опфати 12.000 возрасни лица од Обединетото Кралство, Франција, Германија, Шпанија, Италија и Полска.

[2] Потребна е најава на сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да варира во зависност од уредот, јазикот или регионот. За одредени јазици може да биде потребно преземање на јазични пакети. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[3] Поддржано од Google. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции можеби нема да бидат компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[4] Функцијата Генеративно уредување (Generative Edit) за Помош за фотографирање (Photo Assist) бара мрежна конекција и најава на сметката на Samsung. Уредувањето со Generative Edit резултира со променета големина на фотографијата до 12MP. Видлив воден жиг е поставен врз излезната слика при зачувување за да се укаже дека сликата е генерирана од Galaxy AI. Точноста и сигурноста на генерираниот излез не се загарантирани.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg