35-годишниот јубилеј на МДД „Македонија“ – Ешален од Швајцарија ќе биде одбележан со извонреден настап на групата „Мерак“

Оваа година, Друштвото МДД „Македонија“ – Ешален од Швајцарија ја одбележува 35-годишнината од своето постоење, па по тој повод, на 30 ноември ќе се одржи настан со богата содржина во Швајцарија, на кој македонците и нивните пријатели ќе имаат можност да уживаат во репертоарот на македонската група „Мерак“.

trieset-i-pet-godishniot-jubilej-na-mdd-makedonija-eshalen-od-shvajcarija-kje-bide-odbelezhan-so-izvonreden-nastap-na-grupata-merak-01.JPG

Од Друштвото посочија дека влезот на настанот ќе биде слободен за сите заинтересирани.

„Воодушевени сме што ќе настапиме во Швајцарија за македонците на овој значаен јубилеј и што ќе имаме можност да ги интерпретираме нашите мелодии со сите што ќе ни се придружат. За нас, ова е навистина посебен момент, бидејќи музиката нѐ поврзува со корените и македонските традиции на нашата татковина Македонија“, изјавија од група „Мерак“.

trieset-i-pet-godishniot-jubilej-na-mdd-makedonija-eshalen-od-shvajcarija-kje-bide-odbelezhan-so-izvonreden-nastap-na-grupata-merak-03.JPG

На настанот ќе се зборува за историјатот на МДД „Македонија“ – Ешален, а исто така ќе се одржи и јубилејна лотарија со многу подароци.

„Настанот има за цел да ја чествува 35 годишнината од постоењето на Друштвото. Заедно да го одбележиме јубилејот и да уживаме во музиката на групата  „Мерак“, од која ќе слушнеме дел од прекрасните македонски мелодии со кои ќе го одбележиме денот во духот на претстојните празници“, наведоа од Друштвото.

Настанот ќе започне од 18:30 часот на локацијата: Rte de Penthéréaz 4, 1376 Goumoens-la-Ville– Швајцарија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg