Здравите навики се создаваат уште од најмала возраст. Успешно заврши Виталиа детската трка 2024

Овогодинешната Детска Трка во организација на Виталиа помина одлично. Видно расположени децата и нивните родители уште еднаш покажаа дека спортскиот дух е нешто што се развива од мали нозе и покрај предизвикувачките временски прилики. Градскиот паркот беше полн со забава, смеа и детска радост а сите учесници уживаа со производите на Виталиа.

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-01.JPG

Пред почетокот на Виталиа детската трка се вежбаше зумба, во одлична атмосфера за која се погрижи дополнително ди-џејот. Сите учесници имаа можност да се загреат пред трката, и со позитивна енергија да ја стартуваат.

„Здравиот начин на искрана во комбинација со физичка активност е сигурен рецепт за добар раст и развој на децата, што и беше главната порака на втората по ред Виталиа детска трка. Важно е да се создаваат и негуваат здравите навики уште од најмала возраст, а физичката активност е неразделив сегмент кога станува збор за здравјето и телото”, истакнаа организаторите.

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-02.JPG

Оваа година интересот беше голем, вкупната бројка на деца беше 540. Децата трчаа во повеќе категории во согласност со својата возрасна група, тука беше зелената трка за дечиња од 7 и 8 годинки, жолтата трка за деца од 9 и 10 години, портокаловата трка за 11 и 12-годишни деца и на крај црвената трка за деца од 13 и 14-годишна возраст.

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-03.JPG

Дечињата имаа можност да дегустираат и 2 нови производи од детската линија на Виталиа и воедно да го дадат своето мислење за вкусот, текстурата како и за дизајнот на производите. За оваа цел беа анкетирани над 200 деца кои имаа можност да ги пробаат овошната коцка – Fruit berry bite со вкус на јагода и кокос коцката – Coconut bite. Овие два  производа се специјално формулирани за деца и немаат додаден шеќер, а се збогатени со пробиотици.

Во оваа трка секое дете е победник и сите имаа можност да трчаат, да се забавуваат и да ги вкусат производите на Виталиа.  Трката понуди многу забава за сите присутни. Децата беа мотивирани, а на настанот беше забележителна разиграноста и раздвиженоста.  Собраните средства за учество во трката ќе бидат донирани.

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-04.JPG

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-05.JPG

zdravite-naviki-se-sozdavaat-ushte-od-najmala-vozrast-uspeshno-zavrshi-vitalia-detskata-trka-2024-06.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg