Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Уникатна природна средина во која виреат лозовите насади, прецизна селекција на грозје и врвни производни процеси водени со максимална експертиза и страст, се клучните фактори кои ја дефинираат извонредноста на вината „Монтеко“, новиот бисер во низата на македонската винска традиција.

vina-monteko-riznica-od-vkusovi-so-unikaten-pechat-01.jpg

Лоцирана во Кратово, бутик винаријата „Монтеко“ нуди ризница на вкусови за вистинските познавачи на виното преку палета на ароматични бели, црвени и барикни вина. Лозовите насади од кои се произведуваат вината „Монтеко“ се засадени на висок и стрмен планински терен, во недопрена природа, што им овозможува изложеност на чист воздух, многубројни сончеви денови и умерена клима. Бидејќи лозјето се наоѓа на голема надморска височина, гроздовите се изложени на оптимална сончева светлина која ги поттикнува да зреат бавно и рамномерно, развивајќи сложени вкусови и живописни ароми на кои никој не може да остане рамнодушен.

Посебноста на вкусот на вината „Монтеко“ лежи во вулканската почва на која се засадени лозовите насади која богато ги храни со минерали, при што тие обликуваат вина со ненадминлива чистота и карактер, висока свежина и интензивен вкус. Строго контролираниот процес од одгледување на грозјето, бербата, зреењето, сѐ до готовиот производ, е гаранција за бескомпромисниот квалитет на овие вина.

vina-monteko-riznica-od-vkusovi-so-unikaten-pechat-01_copy.png

Процесите во винарската визба на „Монтеко“ се одвиваат по највисоки стандарди, со примена на најсовремена технологија и врвно знаење. Во ризницата на вкусови се вткаени внимателно селектирани гроздови, максимално контролиран процес на подготовка и зреење на виното, како и долгогодишното искуство на тимот енолози кој максимално се вложува во својата работа. Крајниот резултат се вина кои гордо го претставуваат нашето поднебје кое го краси уникатна винска традиција.   

- Во брендот „Монтеко“ ги вградивме долгата винска традиција на ова поднебје, посебните природни карактеристики на локацијата и богатото знаење и искуство на тимот што ги произведува вината. Но, најважно е што овие вина се направени со исклучителна страст и желба да се добие производ со сопствен печат, во што веруваме дека целосно успеавме. Винаријата според својот сегашен капацитет од 100 тони спаѓа во мали винарии, но нашите планови се да го зголемиме производството на 200 тони во следните две години. Љубителите на вино веќе ја препознаваат особеноста на нашите вина, како и  грациозниот вкус и арома, така што веруваме дека тие набрзо ќе допрат до сите вистински познавачи – истакнуваат од менаџерскиот тим на „Монтеко“.     

vina-monteko-riznica-od-vkusovi-so-unikaten-pechat-01_copy_copy.png

Во моментов во продажба се белите вина на „Монтеко“, темјаника и шардоне, а наскоро се очекува поширока понуда и на црвени и барикни вина.

Прочитајте повеќе за вината „Монтеко“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg