Mozzart и годинава го поддржа спортскиот настан „Независна Полицијада”
- Детали
- понеделник, 30 септември 2024
Спортските настани го одбележаа изминатиот период, а лидерот во приредување игри на среќа континуирано дава поддршка на спортските настани низ Македонија.
Компанијата Mozzart ,традиционално и оваа година помогна во организацијата на синдикалните спортски игри на Независниот синдикат на полицијата „Независна полицијада“ кои се одржаа викендов во Охрид.
На отварањето на настанот присутен беше и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Благодарност до Mozzart за нивната поддршка. И годинава успешно го реализиравме спортскиот настан „Независна Полицијада” чија цел е негување на спортскиот дух, дружба и забава. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и натаму”, изјави Мартин - Претседател на Независниот синдикат на полицијата.
На натпреварите учество земаа 400 полициски службеници кои силите ги измерија во три групни спортови - одбојка, кошарка и влечење јаже и во четири поединечни дисциплини - пикадо, шах, пливање и туркање на рака.
„И оваа година дадовме зелено светло за помош и поддршка на спортските игри во организација на Независниот синдикат на полицијата. Mozzart е компанија која е веќе препознатлива по својата општествена одговорност и по поддршката која ја дава на спортот,спортистите и спортските настани. По итите патеки ќе се движиме и во иднина” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.