Евтино катче: Место каде може да најдете поволни артикли од втора рака
- Детали
- четврток, 26 септември 2024
Дафина Васева (36) е дипломиран маркетинг менаџер, сопруга и мајка на две деца. Таа води сопствен бизнис за продажба на артикли од втора рака.
„Длабоко ја почитувам модата и сакам често да ја менувам мојата гардероба, што ме инспирираше да создадам онлајн простор каде другите ќе можат да најдат уникатни парчиња за себе. Верувам во одржливоста на модните артикли и возбудена сум што можам да го споделам моето искуство“.
Идејата започнала сосема спонтано: „Пред 9 години неколку дена пред маскенбалот на први април, случајно објавив за продажба оргинална маска на Дизни која еднаш ја имаше носено ќерка ми. Се продаде за околу две минути, а потоа ја направив страната Евтино Катче и почнав да објавувам се што е мало или повеќе не се користи. Асортиманот го проширив со играчки, обувки и други додатоци“.
„Во денешницата каде што одржливоста и еко-свесноста заземаат сè поголема улога, second hand облеката станува идеален избор за сите кои сакаат да купуваат уникатни парчиња, да ги намалат трошоците и да придонесат за зачувување на природата. Мојот second hand бизнис е местото каде што се среќаваат стилот и одговорното купување“.
„Артиклите кои ги нудиме доаѓаат од различни извори, со фокус на висок квалитет и оригиналност. Главните извори се продавниците за половна роба од околните држави. Исто набавуваме парчиња од земји каде што трендовите брзо се менуваат, а облеката која веќе не се користи често е речиси нова“.
„Набавката се врши преку внимателно одбрани добавувачи кои ни обезбедуваат облека во одлична состојба. По приемот, секое парче облека се прегледува и селектира според категорија и квалитет. Нашиот тим е посветен да понуди производи кои се не само достапни, туку и функционални, стилски и долготрајни.“
Нашата понуда е многу разновидна, но неколку категории постојано се истакнуваат како најпопуларни:
Дизајнерска и брендирана облека: Љубителите на модата често бараат парчиња од познати брендови, кои кај нас можат да се најдат по значително пониски цени.
Винтиџ стил: Винтиџ парчињата се вистински хит за сите кои сакаат уникатен и неповторлив изглед.
Сезонски артикли: За време на зимата, топлите јакни, шалови и капи се во фокус, додека летото се издвојуваат лесни фустани и маици.
Бебешка и детска облека: Родителите често избираат second hand облека за своите деца, бидејќи можат да набават квалитетни парчиња по ниски цени кои брзо се заменуваат со растот на децата.
Нашата продавница не е само место за купување, туку и за еден свесен избор – да го продолжиме животот на облеката и да придонесеме кон намалување на модниот отпад.
Инспириранa од половните богатства со кои секојдневно се среќавам, решив да станам колекционер на играчки.
А купувам и други интересни нешта што ми се допаѓаат па потоа ги трансформирам во уникатни украси и накит
На Инстаграм профило Евтино Катче ќе пронајдете парчиња кои совршено одговараат на вашиот стил, без да го нарушите буџетот!“