Кои личности нé привлекуваат?
Колку повеќе некој е сличен и наликува на нас, толку ние спрема него сме пријателски расположени и наклонети, јавува Telegraph. Истражувачите тврдат...
... дека сме наклонети спрема лицата кои наликуваат на нас, како што и нашите предци во минатото распознавале со кои лица се во сродна врска, а со кои не.
Исто така, ова истражување донесе резултати дека лицата кои физички повеќе ни одговараат, повеќе нé привлекуваат отколку оние кои се разликуваат од нас.
Стручњаците кои го воделе ова истражување работеле со 70 возрасни и идентични близнаци кои иако генетски се еднакви, со годините изгледот им се менува.
Истражувачите манипулирале со фотографии со разлицни лица како некои од нив наликувале на испитаниците или на нивнито брат/сестра близнак.
Таквите фотографии им биле дадени на испитаниците на увид, и биле замолени за коментари за кои од лицата на фотографиите би ги спасиле во случај на пожар или пак, која од овие лица би сакале да биде негов брачен партнер на нивниот брат/сестра.
Според овие тестови, резултатие покажале дека преовладувале лицата кои наликувале на самиот испитаник.