Скопските средношколци за НАСА предизвикот на кој победија: „Работевме 48 часа без престан, претходно не се подготвуваме“

„На натпреварот имаше понудено повеќе предизвици, и иако имаше мало несогласување околу тоа кој предизвик да го одбереме, на крај заеднички се сложивме дека највеќе ни одговара предизвикот Track the ISS in 3D“ – вели во изјава за CRNOBELO.com Мирослав Мишоски од тимот Aerth што неодамна победи на НАСА предизвикот.

rabotevme-48-chasa-bez-prestan-prethodno-ne-se-podgotvuvame-skopskite-srednoshkolci-za-nasa-predizvikot-na-koj-pobedija-01.jpg

Се гордееме со нашите млади таленти што постигнуваат високи резултати во науката и образованието и кои покажуваат дека посветеноста носи резултати – особено кога во еден тим ќе се соберат млади луѓе кои имаат исклучителни таленти и вештини.

Тимот Aerth е еден од победниците на годинешниот предизвик на НАСА за Македонија, а во него учествуваат шестмина средношколци од скопските училишта СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ и СУГС Гимназија „Орце Николов“, меѓу кои и Мирослав Мишоски, кој даде поопширна изјава за CRNOBELO.com и се обиде да ни објасни како изгледал натпреварот, каков проект сработиле и како оделе подготовките за истиот.

rabotevme-48-chasa-bez-prestan-prethodno-ne-se-podgotvuvame-skopskite-srednoshkolci-za-nasa-predizvikot-na-koj-pobedija-02.jpg

Како што појаснува, со цел да бидат поконкурентни во натпреварот, младите средношколци се обиделе да се соберат и секој со своите таленти и способности да придонесе за подобри резултати на предизвикот на NASA.

„Тимот Аерт првично го формиравме јас и Марио Блажевски во „Орце Николов“, но на натпреварот Nasa Space Apps challenge увидовме дека ни се потребни и други членови кои се квалитетни и имаат елан за работа, па така на иницијатива на Марио, го повикавме Илин Московски од Корчагин, кој со големо задоволство ја прифати поканата за да учествува, поради фактот што тој уште од својата 13-та година се занимава со напредна математика и физика, додека на моја иницијатива ги повикавме програмерите Леонид Индов (1-ва генерација ученик во МИГ - Математичко Информатичка Гимназија), кој јас го познавав од порано и Матеј Крстески кој многу скоро го запознавме.

Како се наближуваше времето за натпреварот, сфативме дека ни треба 3Д дизајнер кој ќе ни помага во делот на цртањето на објектите, па така го повикавме и Калин кој е еден од најдобрите 3Д артисти на возраст до 18 години. За ментор го избравме Марко Лазетиќ, студент на Машинскиот Факултет при УКИМ. 

rabotevme-48-chasa-bez-prestan-prethodno-ne-se-podgotvuvame-skopskite-srednoshkolci-za-nasa-predizvikot-na-koj-pobedija-03.jpg

Јас лично ги познавав сите членови од порано, и конечно дојде време, на Nasa space apps challenge да ги обединам сите за да создадеме навистина многу компетентен тим.

Една работа за да функционира, потребни се многу луѓе, со различни способности и квалитети, а овие момци се навистина најдобрите што ги знам“ – појаснува тој.

rabotevme-48-chasa-bez-prestan-prethodno-ne-se-podgotvuvame-skopskite-srednoshkolci-za-nasa-predizvikot-na-koj-pobedija-05.jpg

Nasa Space Apps challenge е натпревар, хакатон, кој е базиран на работа од 48 часа. Како што појаснува Миро, целта е да им покаже, колку учесниците се способни да создадат нешто за само 2 дена, па најчесто учесниците не се подготвуваат предвреме.

„За време на натпреварот воглавно работевме нон-стоп, со мали паузи во најновите простории на Netcetara, Netville. На натпреварот имаше понудено повеќе предизвици, и иако имаше мало несогласување околу тоа кој предизвик да го одбереме, на крај заеднички се сложивме дека највеќе ни одговара предизвикот Track the ISS in 3D (пратење на Меѓународната Вселенска Станица во живо во 3Д). 

Ние успеавме за само 48 часа напорна работа да создадеме вебстрана која може во живо во 3Д простор да ја покажува моменталната состојба на Вселенската станица, преку напредни математички равенки од орбиталната механика.

Она што навистина беше уникатно е тоа што нашата вебстрана има можност да ја покаже минатата и идната локација на Вселенската станица“ – појаснува Мирослав.

rabotevme-48-chasa-bez-prestan-prethodno-ne-se-podgotvuvame-skopskite-srednoshkolci-za-nasa-predizvikot-na-koj-pobedija-06.jpg

По победата на државниот натпревар, следува светското финале каде тимот ќе има шанса да го презентира проектот пред научници од целиот свет.

Дополнително, како награда за првопласираниот тим, членовите на Aerth ќе имаат прилика да го посетат NASA Kennedy центарот во Флорида, САД.

„Отсекогаш сум сакал наука, ме интересирало како работат нештата, не само да ги користам. Уште не сум одлучил во која област ќе го продолжам моето образование, но тоа дефинитивно ќе биде нешто поврзано со инженерство.

Доколку излезе прилика за студирање во странство, радо би ја прифатил таквата можност.

Човековото општество цело време се менува и луѓето мораат да читаат и учат за да останат во тек со новите трендови и пронајдоци, па затоа јас сум спремен дел од мојот живот до крај да го посветам на науката и иновативноста“ – вели Мирослав.

Инаку тимот Aerth првото место го дели со тимот Yccc – Space Eagles, откако и двата тима добија ист број гласови од жирито за понудените решенија за предизвиците.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg