Миење раце, инсулин и други генијални медицински откритија без кои животот не би бил ист
Во последните два века многу работи се променија, а една од причините за тоа лежи во напредокот на медицинската наука. Откритијата даваат надеж дека не само што ќе додадат години на нашите животи, туку и дека ќе се подобри квалитетот на нашиот живот.
Некои од овие откритија во наше време изгледаат елементарни, но всушност тие спасија милиони животи.
Миење раце
Уште во 19-ти век, унгарскиот доктор Игнатс Филип Семелвајс открил дека месечната стапка на смртност од пуерперална треска во акушерските клиники се намалила до 50% откако персоналот ги миел рацете.
Неговото откритие било пречекано со нож од старите лекари во Виена, каде што работел, а самиот д-р Семелвајс бил прогласен за луд и бил затворен, каде што починал од сепса како последица на раните добиени од брутално претепување.
Во денешно време, цивилизираните земји имаат посебни и задолжителни правила за миење и дезинфекција на рацете на медицинскиот персонал.
Инсулин
За првпат инсулин бил инјектиран кај пациент со дијабетес во 1922 година. До почетокот на 20-ти век дијабетесот бил еквивалентен на смртна казна, но денес, иако не е откриено ништо подобро од инсулин, луѓето со дијабетес можат да живеат слободно.
Пример за тоа не е само Јосип Броз Тито, туку и милиони луѓе ширум светот.
Трансплантација
Легендата вели дека во 3-ти век пред н.е. исцелителите Козма и Дамјан направиле чудо, пресадувајќи нога од убиен човек. Сепак, низ вековите, обидите за трансплантација на органи не дадоа задоволителен резулт.
Но, по првата успешна трансплантација на бубрег во 1953 година во САД, светски познатиот кардиохирург Кристијан Барнард, ја изврши и првата трансплантација на срце во 1959 година.
Денес, трансплантацијата на органи, ткива, коски е рутинска операција низ цивилизираниот свет, а трансплантацијата на лице, раце, стапала веќе не е новина.
Ин-витро оплодувањe
Ако денес популацијата на планетата надминува 7 милијарди луѓе, тоа во многу голема мера се должи на ин-витро оплодувањето, кое даде поттик за развој на други методи за асистирана репродукција.
По 1978 година, благодарение на британскиот научник Роберт Едвардс, милиони парови ширум светот имаат шанса да го прегрнат своето дете.
Рендгенски зраци
Рендгенското зрачење било откриено во 1895 година од германскиот физичар Вилхелм Конрад Рентген кој даде моќен поттик не само за развојот на физиката, туку отвори и неверојатни хоризонти за медицинската дијагностика.
Рендген, кој починал од рак како резултат на изложеност на зраците што самиот ги открил, до крајот на својот живот не верувал во нивната штета.
Секако, оваа дарба на науката не треба да се злоупотребува, бидејќи денес знаеме дека само една рендгенска слика од заб е еквивалентна на 365 испушени цигари.
M. Г. | Црнобело