Браво! Болничари со кул изум ќе може да стигнуваат до непристапни места – со помош на ракетен ранец (видео)

Таканаречениот „џетпек“ веќе стана реалност, а една добротворна организација од Англија сака да почне да го користи за спасувачки мисии на тешко достапни места - растојание за кое би биле потребни 30 минути пеш, може да се помине за само 90 секунди со помош на оваа машина.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-01.jpg

Спасувачките мисии на тешко достапни места се едни од најкомплицираните. Неретко на медицинските лица им е потребен и повеќе од еден час да стигнат до повредената личност, а во некои случаи овој час може да биде предолго време за чекање.

Токму поради ова, добротворна спасувачка организација од Англија почна да работи на проект кој изгледа како од научно фантастичен филм.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-03.jpg

Организацијата Great North Air Ambulance Service (GNAAS) во 2020 година го претстави проектот кој значително го скратува патувањето на медицинските лица до тешко достапни места.

Станува збор за таканаречен џетпек (нарекуван и ракетен ранец) – направа што сигурно ви е позната ако некогаш во животот сте ја играле играта Grand Theft Auto (GTA).

Оваа направа е машина за летање која може да ја користи едно лице. Машината има неколку мотори со млазен погон кои се сместени на рацете и на грбот, а „летачот“ ги контролира со рацете.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-05.jpg

Според BBC, со оваа машина може да се стигне до тешко достапна дестинација за само 90 секунди, отколку да се оди пеш половина час.

Како што спомнавме, проектот првпат беше претставен во 2020 година, но поради пандемијата и проблемите со финансирањето неговата реализација била запрена.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-02.jpg

Сега од организацијата повторно го тестираат уредот и се надеваат дека наскоро ќе можат да го користат за спасувачки мисии.

Од организацијата се надеваат дека ќе можат да ја користат машината и во лоши временски услови – како врнежи и силен ветар – кои можат да бидат сериозен проблем ако треба да одат на тешко достапно место со хеликоптер.

Додека се со летачката машина, медицинските лица ќе можат да носат и до 15 килограми медицинска опрема.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-06.jpg

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-08.jpg

Според организацијата, една ваква машина би можела да се користи за скоро 20 случаи секоја недела.

На почетокот од годината, од организацијата споделија дека се надеваат дека ќе можат да почнат да го користат уредот до крајот на ова лето.

genijalen-izum-bolnichari-od-anglija-kje-mozhat-da-koristat-dzhetpek-za-spasuvachki-misii-na-teshko-dostapni-mesta-foto-video-04.jpg

Погледнете како би изгледала една спасувачка мисија со овој генијален изум:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg