Вечерва ќе имаме Супермесечина на јагодите – дали ќе се гледа кај нас и што значи тоа за хороскопот?
Под влијание на најголемата Месечина во 2022-ра година полесно ќе им кажете „збогум“ на работите и љубовните врски што веќе не ве исполнуваат. Што е Супермесечина на јагодите, кога ќе може да ја видиме и зошто така се нарекува?
Доколку дозволат временските услови, односно доколку нема облаци на небото вечерва ќе биде видлива Супермесечината на јагодите.
Сите астролози со нетрпение ја очекуваат новата полна Месечина. Вечерва (14.06.2022) нашиот природен сателит ќе биде најблиску до Земјата и тоа воедно ќе биде најголемата полна Месечина во 2022-та година, која уште се нарекува и Супермесечина на јагодите.
Оваа Супермесечина не е црвена, ниту има форма на јагода, а името го добила од Индијанците, бидејќи вообичаено се појавува во јуни, односно во периодот кога почнуваат да се берат шумските јагоди.
Според астролозите пак, полната Mесечина е периодот кога нештата што сме ги засадиле расцветуваат и покажуваат резултат.
За добро да го сфатите значењето на полната Месечина, доволно е само да си го замислите светот во прастарите времиња кога ноќе само небесните тела биле извор на светлина.
Кога природниот сателит на Земјата свети посилно од вообичаеното, нештата изгледаат појасно, почисто и полесно можете да направите разлика меѓу она што е правилно и она што е погрешно.
Тие ја означуваат кулминацијата и ослободувањето од непотребната енергија, па така ова е одличен период да се простите со нештата што повеќе немаат значење за вас.
Да им кажете „збогум“ на навиките, токсичните врски или да се ослободите од старите и дотраени предмети.
Исто така, овие ноќи честопати се исполнети со искушенија, забави и убави мигови.
Б. С. Б. | Црнобело