Историски подвиг: Истражувачи пронашле лек за ректален рак – излекувале 12 пациенти за 6 месеци

Во мало истражување спроведено во САД, сите 12 пациенти со ректален рак биле излечени со експериментален лек во рок од 6 месеци. Истражувачите велат дека ова е првпат во историјата на ракот да бидат излечени сите испитаници од едно истражување.

istoriski-podvig-istrazhuvachi-izlekuvale-12-pacienti-so-rektalen-rak-so-eksperimentalen-lek-vo-rok-od-6-meseci-01.jpg

Група експерти тестираа експериментален лек за рак кој се покажал како ефикасен во мало истражување во кое учествувале 12 лица.

Односно, сите 12 пациенти кои имале ректален рак биле излечени во рок од шест месеци.

Истражувањето е објавено во The New England Journal of Medicine и иако експертите кои работеле на него нагласуваат дека ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се докаже ефикасноста на лекот, резултатите што ги добиле се импресивни.

Според еден од авторите на истражувањето, ова е првпат во историјата на истражувањата за ракот, сите испитаници да бидат излекувани.

Покрај тоа, ниту еден од пациентите не покажал некои значајни несакани ефекти од лекот. Но, авторите на истражувањето велат дека мора да се направи пообемно истражување за да се осигурат дека и идните пациенти нема да се соочат со несакани ефекти.

istoriski-podvig-istrazhuvachi-izlekuvale-12-pacienti-so-rektalen-rak-so-eksperimentalen-lek-vo-rok-od-6-meseci-02.jpg

Лекот што го примале пациентите се користел како терапија за вид рак на матката, а ова е првпат да биде тестиран за ректален рак.

Наводно, лекот му ги „открива“ заболените клетки на имунолошкиот систем, по што организмот може да ги идентификува и самиот да ги уништи.

Додека траело истражувањето, пациентите го добивале лекот на секои три недели, во рок од шест месеци. Доколку не покажеле знаци на подобрување, пациентите требало да почнат со хемотерапија, но и да им се направи операција.

Шест месеци откако пациентите престанале да ја примат терапијата со лекот, им бил направен детален преглед, по што било утврдено дека ракот исчезнал.

Поради ова, истражувачите велат дека пациентите не примале стандардна хемотерапија и на ниту еден не му била направена операција за отстранување на туморот.

istoriski-podvig-istrazhuvachi-izlekuvale-12-pacienti-so-rektalen-rak-so-eksperimentalen-lek-vo-rok-od-6-meseci-03.jpg

Од експериментот имаат поминато две години, а авторите на истражувањето велат дека пациентите уште се во одлична здравствена состојба, односно ракот не им се вратил.

Според други експерти, иако ова истражување е мало, ветува многу.

„Ова се навистина оптимистички резултати. Истражувањето покажува дека можеби ќе се случи револуционерна промена во начинот на којшто го лекуваме ректалниот рак“, пишува докторката Хана Саноф во колумна за истражувањето.

Односно, лекот уште не може да ја замени досегашната терапија за овој вид рак и треба да поминат уште неколку години за експертите да се осигурат дека оваа терапија навистина го лекува ракот. Но, резултатите дефинитивно се голем чекор напред.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg