Првпат после 800 години, Сатурн и Јупитер ќе се „поклопат“ на ноќното небо - како да ја набљудувате „Божиќната ѕвезда“? (фото)

Денес ќе имаме можност да го погледнеме доближувањето на Сатурн и Јупитер на ноќното небо – феномен познат и како „Божиќна ѕвезда“, а планетите ќе се доближат толку многу, што за нас ќе изгледаат како да се поклопени. Уште подобро е што настанот ќе биде видлив и со голо око.

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-01.jpg

Денес, 21-ви декември 2020, Сатурн и Јупитер ќе се доближат толку многу на небото што ќе изгледаат како едно небесно тело. Ова е настан што се случува еднаш во неколку векови, па не е ни чудно што љубителите на астрономија ширум светот со нетрпение го очекуваат.

03.jpgфото: NASA

Се разбира, Јупитер и Сатурн нема да бидат една до друга во Сончевиот систем, но денес Земјата е позиционирана на тој начин, што нам ќе ни изгледаат како една ѕвезда. Во моментот на „поклопувањето“, Сатурн всушност ќе се наоѓа околу 733 милиони километри зад Јупитер.

05.jpgфото: The Planetary Society

Планетите во Сончевиот систем постојано се „разминуваат“ едни со други, а Јупитер и Сатурн изгледаат како да се „поклопуваат“ еднаш на секои 20 години. Но, денешниот настан е посебен бидејќи планетите не биле толку блиску една до друга речиси 400 години. Истовремено, ова „поклопување“ не се случило навечер дури 800 години.

https://www.facebook.com/51189044844/videos/207924880823059

Уште поинтересно во целата ситуација е што денес е и зимска краткодневица – ова деноноќие денот е најкраток, а ноќта најдолга во текот на цела година.

„Поклопувањето“ ќе се гледа и од кај нас, на северозпадното небо, и ќе биде видливо во периодот од 16:30 до 18 часот. Ако сте во Скопје, поклопувањето ќе се гледа над Крстот на Водно.

02.jpgфото: NASA

Бидејќи планетите ќе бидат доволно сјајни, ќе можете да го набљудувате настанот и со голо око или двоглед. Ако имате добар телескоп, уште подобро.

04.jpgфото: The Planetary Society

После 21-ви декември планетите ќе почнат да се оддалечуваат и повторно ќе се доближат една до друга дури во 2080-та година.

Ако не сте во можност да го гледате настанот, можете да следите пренос во живо на видеото во продолжение:

Фотки од Сатурн и Јупитер објавени на EarthSky

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-05.jpg

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-06.jpg

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-07.jpg

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-08.jpg

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-09.jpg

prvpat-posle-400-godini-saturn-i-jupiter-kje-se-poklopat-na-nokjnoto-nebo-kako-da-ja-nabljuduvate-bozhikjnata-dzvezda-foto-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg