Овој петок 13-ти ќе имаме шанса да видиме ретка полна месечина
Овој петок 13-ти ќе бидеме сведоци на „најморничавата“ полна месечина во изминативе неколку години. Оние кои се суеверни веќе знаат дека е навистина ретко да се види полна месечина на петок 13-ти.
Всушност, последент пат овој феномен бил забележан на 13-ти октомври 2000-та година. Сигурно ќе сакате да сведочите на овој настан бидејќи наредниот е дури во 2049-та година.
Септемвриската полна месечина е позната и како жетварска месечина. Односно, ова е полната месечина која е најблиску до 23-ти септември, есенската рамноденица. Ова е периодот кога обично почнува жетвата, па од таму и називот „жетварска“.
Месечината што ќе ја видиме во петок е позната и како микромесечина, бидејќи на небото ќе биде дури 14% помала од вообичаено. Причината за ова е тоа што овој период месечината е најоддалечена од Земјата.
Спирова С. | Црнобело