Водич: Како да препознаете кои облаци носат невреме?
Алтостратус
Алтостратусите се сиви, или сино-сиви облаци кои делумно или целосно го прекриваат небото на средно ниво. И покрај нивната покриеност, кога има алтостратуси сепак можете да го видете сонцето.
Тие се знак за слаби врнежи.
Цирус
Ова се тенки бели облаци кои се шират на небото. Бидејќи се појавуваат на височина од над 6.000 метри, овие облаци се состојат од ситни кристали мраз, а не капки вода.
Цирусите најчесто се појавуваат на ведро време и од нив не паѓа дожд. Можат да се формираат и пред топли воздушни маси и големи бури, како што се тропските циклони.
Па, доколку ги забележите, можат да бидат знак за бура.
Цирокумулус
Ова се мали, бели облаци, често распоредени во редови. Тие настануваат на голема надморска височина и исто како цирусите, се состојат од кристали мраз.
Овие облаци укажуваат на воздушно струење во тропосферата. Главно, не се знак за врнежи.
Циростратус
Овие облаци се појавуваат на височина од 8.000 до 9.000 метри. Настануваат со замрзнување на водената пареа и нејзино претворање во кристали.
Кај овие облаци честа е појавата на ореол околу сонцето или месечината. Иако самите облаци не се со дожд, можат да најават влошување на времето и врнежи.
Кумулонимбус
Ова се вертикални облаци кои се протегаат низ ниските , средните и високите слоеви од атмосферата. Слични се на кулумбусите, но кога растат се издолжуваат, па понекогаш наликуваат на карфиол.
Ова се типични облаци за бура и носат обилни дождови, град и слично.
Спирова С. | Црнобело