Еве како изгледаат вонземјани
Физичарот Стивен Хокинг, кој многумина го сметаат за најпаметниот човек на светот, ги даде своите размислувања за тоа како изгледаат вонземјаните во...
...еден документарен филм на Discovery Channel.
Хокинг е сигурен дека постои живот надвор од оваа планета во различни облици, можеби дури и во нашиот сончев систем.
Имено, под заледените површини на јупитеровата месечина Европа може да постои слој кој е погоден за живот.
Изгледот и однесувањето на одредени вонземјани ги извлекол од примероците на различните планети - геолошките својства, климата и атмосферата.
Неговите замисли и пресметани визуелизации се претставени со помош на компјутерска графика и за прв пат се прикажани во документарната серија "Into The Universe".
Хокинг потенцира дека во вселената постојат речиси 100 милијарди галаксии, а секоја од нив има повеќе стотици ѕвезди околу кои кружат планети поради што веројатноста дека животот се развил само на Земјата е многу мала.
"Математичкиот ум ми овозможува да размислувам сосема рационално за вонземјаните. Голем предизвик е да се открие како тие изгледаат, што најмногу зависи од тоа со што се хранат и во какви околности живеат", тврди физичарот.
Хокинг смета дека постојат цицачи и месојади и верува дека некои од нив имаат нозе, односно сурла преку која ја вшмукуваат храната и очи со кои гледаат се околу себе.
Тој додава дека постојат и суштества кои се многу слични на лигњите и кои со помош на биоенергија може да произведат сопствена светлина, а токму ваквите суштества би можеле да живеат на јупитеровата месечина.