Луѓе кои умреле докажувајќи идиотски поенти
Она што не ни го кажуваат книгите по историја за една група на големи луѓе кои се убиле за да ги докажат најглупавите поенти за работи во кои само тие верувале...
...иако не биле прифатени од општеството и буквално на никој не му било грижа ниту пак биле работи кои заслужувале внимание.
Топ 6 најглупави потези. Почнуваме.
6. Франц Рајшелт
Што сакаше да докаже
-Сакаше да докаже дека е брилијантен изумувач и дека едноставно гравитацијата не важи за него.
Методи на користење
-Измисли моден додаток кој ќе му овозможи на човек да лебди на крајот од паѓањето од големи височини
Што всушност докажа
-Њутоновиот закон за гравитација
И покрај неговиот изум, за него беше неизбежна смртта после тој висок пад.
Погледнете го видеото,и видете колку не важи гравитацијата за овој човек.
5. Бандо Митсугоро
Што сакаше да докаже
- Дека е непобедлив, барем кога станува збор за отрови
Методи на користење
- Бандо беше кабуки актер, кој беше именуван за национално богатство од страна на владатда на Јапонија. Веднаш од кога ја доби таа титула, отиде во ресторан и нарача 4 фугу џигери,или уште попознати како џигери од крајно смртоносна риба. Неговата цел беше да се докаже неговиот имунитет против отровите, со тоа што конзумираше 4 пати поголема количина на отров што нормално би убила човек.
Што всушност докажа
- Докажа дека не е супер – човек, умре неколку часа од кога ја изеде храната.
4. Гери Хој
Што сакаше да докаже
- Дека стаклото е некршливо и дека универзумот нема смисла за иронија.
Методи на користење
- Удри во стаклото во неговата канцеларија, која се наоѓаше на 24ти кат - стаклото, нормално, се скрши, Гери паѓаше надолу 24 ката, и нормално, умре, и покрај тоа што неговите последни зборови беа НЕСКРШЛИВ!!
Што всушност докажа
- Докажа дека стаклото е кршливо, и дека не вреди да се умре, односно не е некое достигнување за денес да те споменуваат во виц практикантите во таа фирма.
3. Џеф Дејли и Петер Бурковски
Што сакаа да докажат
- Дека тие двајца се кралеви на видео игрите.
Методи на користење
- Без престан играа видео игри, за да до кажат дека се најдобри.
Што всушност докажаа
- Дека и за играње игри е потребна физичка кондиција. По некое време, Џеф умре од срцев удар од кога достигна висок резултат на играта, по неколку недели истата судбина го пречека и Петер, кога достигна сличен резултат.
2. Џенифер Стренџ
Што сакаше да докаже
- Дека ретардираните радио- натпревари се до толку ретардирани, што вистински можат да те убијат.
Методи на користење
- Со цел да го добие Нинтендо Ви, учествувала на натпревар, кој го организирал некое радио, каде, нинтендото ќе го добие тој што највеќе ќе издржи да не отиде во тоалет, и покрај постојаното конзумирање на вода.
Што всушност докажа
- Докажала дека од преголема конзумација на вода може да се умре. Дијагнозата за Џенифер била интоксикација на вода, што довело до фатален електролитен дебаланс на мозокот.
1. Кристофер МекКенделс
Што сакаше да докаже
- Дека не му е потребен комфортот на модерниот живот.
Методи на користење
- Ја напушти фамилијата, цивилизацијата,и отиде во Аљаска, без храна и без некоја опрема, исто како што природата намеравала.
Што всушност докажа
- Дека без таа општествена социјализација, од која тој самиот бегаше, го доведе до самоубиство!!!