„Kissenger“ – нова алатка со која бакнувањето на далечина станува реалност

Ако и вие сте една од личностите со врска на далечина, сигурно знаете колку е тешко да се изразат чувствата и емоциите без можност за физички допир.

Kissenger-nova-alatka-so-koja-baknuvanjeto-na-dalecina-stanuva-realnost-01

Меѓутоа, тоа нема повеќе да претставува пречка, благодарение на најновиот изум со кој можете да ја бакнувате саканата личност, без оглед на колкава оддалеченост се наоѓа.

Еден тим на истражувачи од Лондон, разви уред кој се прикачува на вашиот паметен телефон и преку кој бакнувањето на далечина станува реалност.

Уредот е составен од мини силиконска подлога, опремена со сензори, која во овој случај ја претставува устата на саканата личност.

На ваков начин, во реално време може да се разменуваат бакнежи преку мобилните телефони, доколку и двата корисници се поврзани на FaceTime или WhatsApp.

Преку различни видови на вибрации, апликацијата и уредот го стимулираат чувството кое би го добиле за време на вистински бакнеж.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg