Што ќе се случи ако ја отворите вратата од авионот за време на летање?
Вратата од авионот се отвора - ова е еден од најголемите кошмари кои им се вртат во главата на многу луѓе пред да полетаат. И секако, фантазијата понатаму продолжува со тоа што сите патници излетуваат во стратосферата.
Овој кошмар кратко се претворил во реалност кога една патничка се обидела да ја отвори вратата на сред пат помеѓу Сиднеј и Авалон, но за среќа, екипажот успеал да ја спречи, а по самото слетување и да ја уапси.
Но, дали нашите стравови се основани? Што ќе се случело ако оваа девојка успеала да ја отвори вратата? Ако некој успее да ја отвори вратата на висока надморска височина, кабината брзо ќе изгуби притисок и со сигурност ќе настане хаос.
Дури и бавната декомпресија, нешто што се случува 40 до 50 пати годишно, може да биде фатална.
Во 2005-та година, Boeing 737 на Helios Airways падна и загинаа 121 патник заедно со екипажот (ова е познато како една од најголемите и најсмртни катастрофи во грчката историја), откако притисокот во кабината бавно започнал да опаѓа.
Недостатокот на кислород на 9.1 километар ги прави пилотот и копилотот неспособни за летање, а авионот губи гориво пред да слета.
Во такви случаи се спуштаат маските со кислород пред да настане хипоксија (недостаток на кислород кој води до бавно и затапено размислување, затемнети визии, губење на свеста и на крај, смрт .). Екипажот има време да ги стави маските и безбедно да го слета авионот на височина пониска од 3 километри.