10 материи за кои не важат законите на физиката
Научниците се како посебен тип на магионичари кои покажуваат интересни лабораториски трикови кои ги негираат законите на физиката.
Некои материјали замрзнуваат на високи температури, цврстите материјали се менуваат под дејство на надворешни услови, од гасови се менуваат во цврста агрегатна состојба...
Ова се некои од „најпаметните“ супстанци во светот:
1. Хидрофобни материјали
Овие материјали изгледаат како магична заштита од вода и други течни супстанци, а се креирани на основа на наночестички од силикон и титаниум. Денес истите се употребуваат како спреј за прскање на чевлите, облеката и материјалите за изградба за водоотвпорност.
2. Гас кој држи предмети како вода
Сулфур хексафлуорид е супстанца во гасовита агрегатна состојба која е 5 пати потешка од воздухот и не излегува од садот во кој е ставена. На неа лесните предмети можат да пловат како да се ставени во вода. Инаку, малку да вдишете од овој гас и ќе звучите како Дарт Вејдер.
3. Метал кој се топи во раце
Постои посебен тип на метал кој се нарекува Галиум кој се топи во раце.
4. Прав кој експлодира
Сребро нитрид е супстанца која сè уште не се применува во индустријата, а која и од најмал удар може да екслподира и да се претвори во светол облак од чад.
5. Метал кој си ја памти оригиналната форма
Нитинол или Никел титаниум е метал кој ако се загрее се враќа во својата првобитна форма.
6. Дрво кое само се менува
Со помош на 4-D печатење, научниците од MIT креираа дрво кое само се менува под надворешни услови со текот на времето
7. Жежок мраз
Содиум ацетатот на високи температури се кристализира и претвора во мраз, кој всушност е топол на допир.
8. Хидрогел
Овој материјал се употребува во медицината и ја менува својата форма под дејство на температура, а кога ја менува формата изгледа како да оживува.
9. Материјали кои сами се поправаат
Ова се класа на материјали кои имаат способност структурно да се поправат кога настанува некаква штета. Тајната е во микрокапсулите кои содржат бактерии кои се активираат при оштетување.
10. Аерогел
Ова е материја која е полесна и од воздухот, бидејќи во основа, 99.8% од него е воздух, а може да издржи многу притисок од потешки материјали, некои од нив можат да бидат и 4.000 пати потешки од него.
Н. Г. | Црнобело