НАСА ги објави најубавите 1.000 фотографии од Марс
Отсекогаш сме верувале, дека Марс е црвена, па поради тоа сите ја нарекуваат „Црвена планета“.
Но, како што можеме да забележиме од новите фотографии, кои неодамна ги објави НАСА, површината на Марс е многу пошарена отколку што можевме да замислиме.
Од 2005 година па сѐ досега има илјадници фотографии, но никогаш не биле толку импресивни како овие сега. Неколку фактори, како поставеноста на Сонцето кон Марс, поставеноста на Марс кон Земјата и рамноденицата, влијаеле на тоа да направат совршени услови за Орбитерот да може да направи неверојатни 1.035 фотографии.
Погледнете дел од фотографиите што ни ја прикажуваат Марс во многу поразлично светло од тоа што го замислувавме досега, а можете да ја разгледате и целата колекција.
М. М. | Црнобело