Светлото на крајот од тунелот
Научниците истакнаа дека, во времето на самата смрт, во човечкиот мозок доаѓа до една мала електрична активност. Искуството со блиска смрт...
... е длабоко вкоренет во медицинската наука.
Многу луѓе кои имале блиски искуства со смрт или кои се враќаат во живот по некоја несреќа; споделуваат внатрешни доживувања, чувство дека лебдат, гледаат светлина на крајот од тунелот, визија за како животот им поминува пред очи...
Исто така, тие сметаат дека се работи за духовно искуство, но една студија, објавена оваа недела, во весник за медицина, открива сосема различни причини.
Истражувачите од Универзитетот во Вашингтон истражувале седум пациенти чиј мозок функционира совршено нормално, но кои боледувале од смртоносни болести, чии семејства се одлучиле да ја прекинат грижата за нив.
Пациентите боледувале од болести како што се рак, срцеви нарушувања, болни органи. Истражувачите ги следеа нивоата преку компјутер која го мери движењето на мозочните бранови.
Резултатите покажале дека кај секој пациент, активностите врзани со свесноста опаѓаат штом се намали крвниот притисок. Но, потоа, на самиот миг пред својата смрт, уредот регистрирал електричната активност на мозокот. Таквата активност е забележана кај сите седум пациенти.
Истражувачите веруваат дека причината поради која што луѓето кои доживуваат искуство близу до смртта, штом нивниот крвниот притисок паѓа, се повлекуваат натрупани сеќавања, кои се наоѓаат во мозокот.
"Со искуство кое е близу до смртта се имаат соочено многу луѓе, но интересно е тоа што сите описи имаат слични карактеристики, се опишуваат како слики со живи и јасни бои, и се опишани во детали", велат авторите на студијата.
"За жал, крајот на животот е слабо проучувана област при клиничката медицина, и сигурно заслужува повеќе внимание," заклучуваат истражувачите.