Запознајте ја генетиката
Зборот ген претставува еден од симболите на модерната наука, а го означува делот на ДНК кој содржи инструкции за создавање протеини. Човекот...
...има 20.000 гени, од кои дури 99% се исти со оние на шимпанзото. Ви претствуваме неколу факти врзани за генетиката од кои можеби ќе научите нешто повеќе за оваа наука.
1. Грегор Мендел
Таткото на генетиката бил калуѓер од доминиканскиот ред кој во тишината на манастирската градина во Брно набљудувал како боите на цветот на грашокот се пренесувале од поколение на поколение.
Мендел во 1866 ги открил законите на наследството, што го означило раѓањето на една нова наука - генетиката.
2. ДНК
Швајцарецот Фридрих Мишер во 1870 г. од спермата на еден лосос кој залутал во реката Рајна кај Базел, изолирал материја што ја нарекол „нуклеин“. Подоцна таа била наречена дезоксирибонуклеинска киселина (ДНК). Но тогаш
3. Протеомика
Нова научна дисциплина чија цел е истовремено идентификување на сите протеини во некој организам или негови одредени делови и да открие кои се нивните функции и меѓусебни интеракции.
4. Генетска мутација
Ненадејна промена на „содржината на буквите“ во ДНК. Мутациите се една од движечките сили на еволуцијата.
5. Генетски инженеринг
Познат и како метода на рекомбинантна ДНК. Тоа претставува вметнување одредени гени или делови од гени во други организми со цел да бидат анализирани, размножени, за манипулација и контролирана синтеза на протеините врз основа на пораките од ДНК. Генетскиот инженеринг е „роден“ 1973 г.
6. Генетички модифициран организам (ГМО)
Организам чиј генетски материјал е променет преку генетски инженеринг.
7. Генетички модифицирана храна
Станува збор за храна добиена од билки во кои преку техниката на генетски инженеринг е внесен туѓ ген или, на точно определен начин, веќе постоечкиот е променет со цел подобрување на одредени својства, како што е, на пример, поголемата отпорност на штетници.
На светскиот пазар постојат 100 сорти од 15 растенија кои се генетски модифицирани: пченка, памук, маслена репка, соја, компир, каранфил, шеќерна репка, тутун, цикорија, лен, диња, папаја, ориз, тиква и домат.
8. Идентификација со помош на ДНК
Метод кој во 1984 г. е развиен од англискиот генетичар сер Алек Џефрис. Првпат е користен 1988 г., кога благодарение на „ДНК отпечатокот“ е утврдено дека силувачот и убиецот на млади девојки бил пекарот Колин Пичфорк, а не момчето што било уапсено. Вештаците користат ДНК од крвта, семето, кожата, плунката или косата кои се пронајдени на местото на злосторството за идентификување на можниот сторител.
9. Генетска археологија
Популарен назив за истражување на генетската историја на човештвото. Тоа истражување се заснова на т.н. митохондриска ДНК и Y хромозомот. Имено, Y хромозомот се пренесува од татко на син, па така можно е да се реконструираат миграциите низ планетата по машка линија.
Митохондријската ДНК (дел од ДНК кој се наоѓа во клеточните органели митохондрии) се пренесува од мајка на дете, па така можно е да се реконструира генетското минато по женска линија.
Благодарение на митохондријската ДНК научниците потврдија дека целокупната човечка популација потекнува од Африка, а дека нашиот најстар предок е жената која живеела пред 200.000 години. Наречена е Ева бидејќи нејзиното непрекинато потомство се задржало до ден денес.
10. Преимплантациска генетска дијагностика (ПГД)
Постапка со која ембрионите по вештачкото оплодување се подложуваат на генетско тестирање на различни болести. Првото бебе по ПГД постапката е родено во Лондон во 1989 година.
11. „Генетски дизајнирани бебиња“
Медицински назив за „децата на иднината“ чиј пол, боја на очите или на косата, па дури и ментални способности, можат да бидат избрани од нивните родители. Засега со помош ма ПГД можно е да се избере полот на детето, но оваа постапка во многу земји е незаконска.
12. Фармакогенетика
Нова научна дисциплина која истражува како гените влијаат на нашата реакција на лековите. Целта е на секој пациент да му се препишуваат лекови создадени според неговиот генетски профил.