Пирамиди има и на Марс
Постои ли живот на Марс? Оваа тема се започна во 1976 година кога биле објавени фотографии од површината на црвената планета каде се забележало...
...“нешто“ што наликувало на човечко лице.
Многумина тврделе дека “лицето“ се само куп камења, други сметале дека се работи за игра на светлината, меѓутоа сето ова останало необјаснето.
Некои истражувачи веруваат дека тоа би можело да биде порака од онаа цивилизација која постоела или сеуште егзистира под површината на Марс.
Моќните телескопи кои кружат околу Марс снимиле непто кое би можело да биде доказ дека живот таму некогаш навистина постоел.
Тие снимиле фотографии од 9 пирамиди на површината, за кои се чини дека не настанале по природен пат. Има и уште неколку фотографии од човечки и животински ликови, како и големи цртежи од мајмун и куче.
Andrew Basiago, претседател на Здружението за истражување на непознатите појави на Марс откритето го нарекол епохално.
Тој верува дека на планетата некогаш егзистирале три цивилизации, од кои една сеуште постои под површината.
Меѓутоа, по катастрофата која се случила пред 11.500 години, Марс е уништен, баш како Атлантида на Земјата. Некои истражувачи сметаат дека дел од цивилизацијата од Марс се преселила на Земјата.
Кој знае, можеби ние сме Марсовци??