Научниците открија дека постои живот после смрт?

Научниците од универзитетот во Саутхемптон пронајдоа доказ дека свеста продолжува барем неколку минути по клиничката смрт, што до сега се сметаше за невозможно.

naucnicite-otkrija-deka-postoi-zivot-posle-smrt-01.jpg

Смртта е неизбежен завршеток на животот, но научниците веруваат дека откриле ново „светло на крајот на тунелот.“

До сега најобемното истражување за смртта, докажа дека и откако мозокот ќе се исклучи, некој дел од свеста останува активиран.

Научниците цели 4 години истражуваа над 2.000 смртни случаи во 15 болници во Велика Британија, САД и Австрија.

Откриле дека речиси 40% од луѓето кои доживеале клиничка смрт, на некој начин биле свесни од моментот по застанувањето на срцето, до моментот на оживување.

Еден од испитаниците дури и опишал како „го напуштил своето тело“ и надвор од него гледал како сите се борат за неговиот живот.

Иако овој маж стар 57 години бил „мртов“ нешто повеќе од 3 минути, тој детално им опишал сè што видел.

„Знаеме дека мозокот не може да функционира кога срцето ќе престане да чука. Но, во овој случај изгледа свеста останала будна тие 3 минути кога срцето не чукаше,“ рекол водичот на ова истражување.

naucnicite-otkrija-deka-postoi-zivot-posle-smrt-02.jpg

Тој вели и дека пациентот опишал сè што се случувало додека докторите се труделе да го оживеат.

„Човекот опиша сè што се случуваше во просторијата, но она што е уште поважно, слушнал звуци од машината која се огласува во интервали од 3 минути. Така можевме да откриеме колку долго траеше неговото вонтелесно искуство. Неговите зборови ни се чинат веродостојни и навистина сè што кажа вистински се случи додека беше клинички мртов.“

Од 2.060 пациенти на кои им застанало срцето, преживеале 330, од кои 140 рекле дека имале одреден облик на свест пред да бидат оживеани.

Испитаниците генерално не можеле да се сетат на деталите, но научниците забележале дека дел од описите се поклопуваат. Еден од пет испитаници опишал дека чувствувал спокој, а секој трети споменал чувство на забрзување или забавување на работите.

Некои кажувале дека виделе светлина како златен одблесок, а други рекле дека се чувствувале како да се дават и тонат. Само 13% од испитаниците рекле дека го почувствувале двоењето од телото.

„Овие резултати налагаат понатамошни истражувања,“ вели водичот на ова истражување.

„Постојат многу добри докази дека свеста постои и по смртта. Сè уште не знаеме што точно се случува по клиничката смрт, но се надеваме дека овие истражувања ќе ни помогнат да дојдеме до нови научни сознанија.“

Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg