„Можам да клонирам луѓе!“
Контроверзен доктор за плодност вчера потврди дека клонирал 14 човечки ембриони и 11 од нив веќе се во матката на 4 жени кои се подготвени да ги родат...
...овие клонирани бебиња. Панајотис Завос конечно ја прекина табу темата за клонирање ембриони, процедура која е криминално дело во Британија.
Тој сето ова го прави во тајна лабораторија некаде на Блискиот Исток, а пациентите му се од Британија, САД и од Блискиот Исток.
Ниту еден од трансферите на ембрионите сеуште не покажува видлива бременост, но доктор Завос тврди дека тоа е само првиот дел од неговите сериозни намери за клонирање на бебе од кожните ќелии од неговите “родители“
“Клонираните деца се на пат, и нема шанси да не успеам во ова. Ако ги зголемиме напорите може да имаме клонирано бебе за година или две, меѓутоа не сме под притисок па затоа полека го усовршуваме процесот“
“Добиваме барања секојдневно. До денес имаме преку 100 и сите се навистина сериозни. Критериумот за да станете наш пациент е фактот дека репродуктивното клонирање е единствената опција која ви останала откако сте ги испробале сите останати кои биле возможни.“
“Не сме заинтересирани за клонирање на Мајкл Џордан или Мајкл Џексон на овој свет. Богатите и славните не се вклучени во ова“.
Др. Завос продуцирал клонирани ембриони на тројца мртви, вклучувајќи го и 10 годишното девојче, Кеди, која загинала во сообраќајна несреќа.
Нејзините крвни келии биле замрзнати и испратени на др. Завос, кој ги споил со јајца од крава за да направи човечко -животински хибридни ембриони. Овој ембрион понатаму може да се трансферира во матката и да продуцира клон на Кеди.