Снимена е “Божјата рака”
Уште една интересна појава е забележана во вселената, овој пат се работи за појавата која по својот облика наликува на рака, па така и го доби името...
... “Божја рака”.
Собирот на сини и црвенкасти облаци кои наликуваат на рака, ги забележаа научниците од НАСА со помош на сателитот Chandra X-ray, кој орбитира на 580 km од земјината површина.
И не само тоа, снимката “Божја рака” e толку интересна затоа што наликува на раширени прсти кои покажуваат накај жариште.
И овој нов феномен настанал како последица од експлозија на ѕвездите од типот на сонцето, ширејќи огромна количина на електромагнетна енергија, магла и облак од гасови.
Научниците од НАСА веруваат дека овој момент се случил пред 17 000 години, односно дека толку долго им требало на Х - зраците да стигнат до Земјата.