Откриена ѕвезда што ги „јаде“ планетите
Астрономите дошле до докази дека ѕвезда буквално проголтала планета и сметаат дека таква судбина може да ја снајде и Земјата, но и оти за тоа има уште многу време, околу пет милијарди години, се наведува во една студија објавена во специјализираниот магазин “Astrophysical Journal Letters.
Тим научници од САД, Полска и Шпанија открила ѕвезда „планетождерката“ BD+48 740 набљудувајќи ја со телескопот Hobby Eberly од опсерваторија Мекдоналд во сојузната американска Тексас.
Доказите дека BD+48 740 проголтала планетата се наоѓаат во нејзиниот посебен хемиски состав, но и во невообичаената орбита на соседната „преживеана“ планета.
Спектроскопската анализа покажала дека BD+48 740 има големо количество литиум, редок елемент создаден првенствено во текот на Големиот тресок пред 14 милијарди години.
Литиумот лесно се уништува во ѕвездите и ретко го има во толку големо количество во ѕвездите коишто се наоѓаат при крајот од нивната еволуција, а BD+48 740 е при крајот, бидејќи станува збор за ѕвезда од типот на црвен џин.
Црвениот џин е ѕвезда со мала или умерена маса којашто се наоѓа при крајот на својата еволуција. Растечките температури во јадрото на црвениот џин предизвикува раст на ваквата стара ѕвезда и таа тогаш ги разорува околните планети.
Вториот доказ дека BD+48 740 ја проголтала планетата, астрономите го пронашле во многу елиптичната орбита на новооткриената планета околу неа.
Коавторот на студијата Анджеј Ниежиелски од полскиот универзитет Никола Коперник, појаснува дека таквите „ексцентрични“ орбити, како што е оваа, се невообичаени во планетарниот систем на ѕвездите коишто еволуирале.
„Поточно, орбитата на планетата во соседството на BD+48 740 е најелиптичната којашто досега ја имаме видено“, вели полскиот научник.
Во крајна линија, „слична судбина би можела еден ден да ги погоди планетите од Сончевиот систем. Тоа ќе се случи кога Сонцето ќе дојде во фазата на црвен џин и ќе се прошири толку силно што ќе ја достигне Земјата и ќе ја проголта“, вели професорот Александер Волшчан до државниот универзитет Пенсилванија.
Меѓутоа, до тогаш ќе изминат „околу пет милијарди години од денес“, додава.
22.08.2012 (Макфакс)