Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто спиеме и уште пет мистерии за кои науката уште долго ќе нема одговор

Како настанал животот, зошто спиеме, од што е направен универзумот – ова се само дел од прашањата што веројатно уште долго ќе ги мачат научниците.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-01.jpg

Од почетоците на човештвото до денес, имаме научено многу работи за нашиот свет.

Но, иако знаеме како функционира нешто, тоа не значи дека знаеме и зошто функционира така.

Всушност, науката нема одговор за некои од работите што ни се секојдневие, како спиењето.

Шест мистерии за кои науката нема одговор:

Како настанал животот?

Иако научниците имаат претпоставки, сепак не знаеме како настанал животот.

Една теорија е дека животот на Земјата потекнува од вселената – првите организми „дошле“ на планетата со метеори. Но, оваа теорија не нуди одговор за тоа како воопшто настанал животот некаде во вселената.

Според друга теорија, животот настанал од неорганска материја преку хемиски реакции, најверојатно во океаните на Земјата или во близина на хидротермални извори – пукнатини на дното од океаните од кои излегува топла вода богата со минерали.

Секако, овде се и религиозните тврдења дека животот настанал од семоќен бог.

Постојат и по малку вознемирувачки теории дека можеби живееме во симулација и сме како ликови од игра налик The Sims.

Засега, научниците не можат да потврдат ниту една теорија.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-02.JPG

Зошто спиеме?

Сите знаеме дека сонот е неопходен и дека ако не спиеме само три-четири ноќи по ред, ќе почнеме да халуцинираме и да чувствуваме низа последици.

Не е познато колку долго можеме да преживееме без сон, но факт е дека по неколку денови, нема воопшто да функционираме нормално и потоа веројатно ќе настапи смрт.

Но, никој не знае зошто воопшто имаме потреба од сон.

Додека спиеме, нашата потсвест сепак работи и во организмот се случуваат низа процеси, како регулирање на виталните системи, обновување на клетките, па и процесирање на емоциите од текот на денот.

Сепак, од еволуциска гледна точка, не е сосема јасно зошто сме еволуирале во суштества на кои им треба сон бидејќи додека спиеме сме ранливи, но и бидејќи спиењето зазема околу третина од нашиот живот.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-03.JPG

Дали времето навистина постои?

Ова е прашање што ги мачи и научниците, и филозофите.

Во својата теорија за релативност, Ајнштајн го опишува времето како неразделен дел од простор-времето, како вид четврта димензија.

Докажано е и дека времето може да се однесува различно во зависност од брзината или гравитацијата. На пример, во близина на црна дупка, со огромна гравитација, времето тече побавно. Секако, ова ние не го перципираме бидејќи за нас една секунда е една секунда.

Од филозофска гледна точка, некои сметаат дека времето е илузија со која пробуваме да си ги објасниме промените кои се случуваат.

Што значи, додека може да се каже дека времето постои во физиката, она што ние го гледаме и перципираме како време може да биде нешто сосема поразлично или воопшто да не постои.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg