Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто спиеме и уште пет мистерии за кои науката уште долго ќе нема одговор

Зошто имаме доминантна рака?

Денес во светот има повеќе деснораки луѓе, но ова може да се должи на тоа што во минатото, децата биле присилувани да ја користат десната рака за пишување.

Сепак, ова не го побива фактот дека некои луѓе се раѓаат деснораки, а некои левораки, а на прашањето „зошто“, научниците уште немаат одговор.

Експертите мислат дека појавата е поврзана со доминантната хемисфера во мозокот. Можно е некаква улога да има и генетиката.

Сепак, зошто некои луѓе ја преферираат левата, а некои десната рака уште додека се многу мали, уште не знаеме.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-05.JPG

Од што е направен универзумот?

Материјата од која се направени ѕвездите, планетата, па и ние, сочинува само 5% од универзумот. Поголемиот дел од составот на универзумот е потполно невидлив за нас и уште не можеме да си го објасниме.

Според досегашните испитувања, најголем дел од универзумот (околу 67%) е сочинет од темна енергија – мистериозна сила поради која универзумот се шири побрзо и побрзо. Но, што е ова темна енергија, од каде доаѓа и како функционира – немаме поим.

Останатиот дел од универзумот е темна материја која е невидлива, не емитува светлина или енергија, но знаеме дека постои бидејќи има маса и има заемно дејство со гравитацијата.

Научниците не ја разбираат потполно ни темната материја.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-6.JPG

Што е гравитацијата?

Знаеме како функционира гравитацијата, можеме да ја измериме и да предвидиме како ќе се однесува, но уште не знаеме што точно претставува.

Њутн покажал дека гравитацијата е сила со која телата со маса се привлекуваат едни со други. И, колку поголема маса има едно тело, толку посилна е неговата гравитација. Исто така, колку поблиску се две тела едно до друго, толку посилно се привлекуваат.

Потоа, Ајнштајн покажал дека гравитацијата не е само сила, туку искривување на време-просторот. Според него, масивните тела, како планетите и ѕвездите, го искривуваат просторот, а ова искривување ние го перципираме како гравитација.

Тој ја поставил и теоријата за гравитациски бранови, предизвикани од многу масиви тела и ова беше и научно докажано пред некоја година, кога научници успеаја да детектираат вакви бранови од супермасивна црна дупка.

Постои и уште една теорија за гравитацијата, позната како квантна гравитација.

Експертите уште не знаат како гравитацијата функционира на квантно ниво, односно какво е нејзиното влијание на најмалите градежни единки на материјата, како атомите.

Гравитацијата е една од четирите фундаментални природни сили, покрај електромагнетната сила, силната нуклеарна сила и слабата нуклеарна сила.

Но, на квантно ниво, гравитацијата се однесува поразлично од нив и засега ова е мистерија која уште се истражува.

zoshto-spieme-i-ushte-pet-misterii-za-koi-naukata-ushte-dolgo-kje-nema-odgovor-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg