Трета година по ред словенечкиот стендап комичар, тркач и ултра-маратонец Андреј Тежак Тешки, заедно со своите колеги комичари од бившите југословенски простори ќе го одржи спортско-добротворниот комичен проект насловен „ Стендап маратонец“ и ќе ги опфати градовите: Белград - Скопје - Подгорица - Сараево - Загреб - Љубљана, со цел да се соберат што повеќе средства за да им се помогне на децата од општествено помалку охрабрувачко потекло во остварување и негување на нивните хобија, желби и потреби. За да се постигне оваа цел, Андреј Тежак Тешки ја избра единствена формула која гласи: Спорт+Стендап комедија = Развој...