Дрогериите dm подаруваат бесплатна промена на изгледот
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2019
Дрогериите dm на сите заинтересирани им подаруваат бесплатна промена на изгледот со помош на најдобрите брендови шминка и под водство на реномирани мејк-ап артисти, на големиот настан кој ќе се одржи на 9 октомври (среда) од 17 до 21 часот во трговскиот центар „Капитол мол“. Први кои ќе седнат на столчињата за тотална трансформација се познатите водителки Цеце Трајковска, Милена Антовска и Елена Стојаноска и блогерките Софија Јанева, Miss Urban Vibe и Даниела Ѓуровска.
Водител на настанот ќе биде Марко Марк, а за „трансформациите“ ќе бидат одговорни мејк-ап артистите: Сим Салтирова, Александра Але Алексовска, Рина Меговска – Алексиќ, Марина Христовска, Милена Косиќ и Небојша Пешевски. На секое од шесте столчиња за промена на изгледот ќе се користи различен бренд шминка и посетителите ќе може да искусат вистинска промена со: Max Factor, L'Oréal, Maybelline, Aura, Wet n Wild и Trend IT UP.
Производите од овие брендови од 1 до 31 октомври ќе бидат на попуст до 45 отсто во сите dm маркети во земјава. На случувањето ќе биде присутен и професионален готвач кој ќе подготви закуски користејќи ги органските производи достапни во dm.
Настанот е дел од кампањата на dm под хаштагот #neverstopchanging која е насочена кон мотивирање на потрошувачите да ги прифатат промените како составен дел од животот и воедно храбро да експериментираат со искуствата, како и со сопствениот изглед. Поради тоа се реализира овој настан кој е во насока на пораката дека секој од нас треба да се отвори кон новите текови и да се обиде да внесе свежина во сопственото секојдневие.
Повеќе информации може да најдете на веб-страницата на dm https://www.dm.mk/mk_homepage/ubavina/dmbeauty/