Пријави се на Виз Ер Скопски маратон! - најголемиот спортски настан ќе се одржи на 10 мај 2020

Маратонската трка за прв пат ќе биде  квалификациска трка за светско првенство за старосни категории под капата на Abbott World Marathon Majors.

prijavi-se-na-viz-er-skopski-maraton-najgolemiot-sportski-astan-kje-se-odrzhi-na-10-maj-2020-01.jpg

 Во мај се одржа 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон и околу 12.500 учесници излегоа на улиците на Скопје. Тие покажаа дека главниот град и државата имаат спортска култура која се надградува од година во година. Таа е и целта на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, уште од неговите зачетоци.

Пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон се отвора денес, 24. септември 2019 година. Во првите два дена, пријавените ќе може да ги изберат своите омилени стартни броеви од посебно понудените рангови на броеви. Виз Ер Скопскиот маратон 2020 ќе се одржи во недела, 10. мај 2020 година.

Сите заинтересирани може да се пријават во првиот круг кој трае до 15. октомври 2019 на http://skopskimaraton.com.mk/ или партнерот за онлајн пријавувања на https://www.smartrace.club/.

Виз Ер Скопски маратон стана партнер  со Abbott World Marathon Majors Ова е серијал од шестте најголеми маратони познат како Големата шестка, во која се вбројуваат Бостонски, Лондонски, Токиски, Берлински, Чикашки и Њујоршки маратон. Воедно, маратонската трка на Виз Ер Скопски Маратон 2020 ќе биде квалификациска трка за светското првенство во старосни категории во 2021 кое најверојатно ќе се одржи во Чикаго. Сите учесници во маратонската трка ќе добијат бодови во зависност од пласманот и резултатот и ќе влезат во ранкингот на ова натпреварување.

Повеќе информации за ова на https://www.worldmarathonmajors.com/agwr/how-it-works/

Виз Ер Скопски маратон е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg