Што треба да знаете за изборот на Мажи на годината во Македонија?
- Детали
- понеделник, 07 октомври 2019
Изборот на Мажи на годината во Македонија е прв официјален избор кој се одржа во 2018 година со цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас. Целта е овој настан да прерасне во традиција и да биде вистински показател на успешните мажи кај нас. Изборот е во организација на првиот онлајн магазин за мажи кај нас Friday.mk.
На првиот официјален избор за Мажи на годината, кој се одржа во Тренд Гастро бар, наградата за Маж на годината ја понесе Владимир Чадиковски, кој се закити и со наградата за Маж со најголем придонес во општеството. За Маж менаџер беше избран Живко Мукаетов, за Млад менаџер беше избран Душко Чифлиганец, за Маж со најдобар стил Никола Димитров, за Маж со најголем придонес во спортот Кире Лазаров, за Маж со најголем придонес во културата наградата ја доби Ѓорче Ставрески, за Маж странец амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп, за Маж на годината според социјални медиуми избран беше Огнен Јанески, а наградата за Маж со трајни вредности ја доби Трифун Костовски.
Жири комисија
Настанот поради својата тежина која ја носи успеа да ги собере на едно место голем број на бизнисмени, новинари, институции, организации кои заедно со организаторите го бираат најуспешниот маж во 10 категории, од кои едната е за Маж на годината. Изборот се врши преку гласање на комисијата која е сочинета од докажани бизнисмени, претставници од реалниот сектор, институции, стилисти и модни критичари, новинари, луѓе кои се докажано во својата дејност и кои имаат кредибилитет во изборот. Жири комисијата брои 25 членови во сите 10 категории.
Мажи на годината 2019
Оваа година второто издание на Мажи на годината 2019 ќе се одржи во Double Tree by Hilton Skopje, и ќе има еден поинаков пристап кон работите. Гала вечерта која ќе биде налик големите настани на црвените килими ќе биде исполнета со богата содржина. Како и минатата и оваа година бираме 10 најуспешни во категориите Маж на годината, Маж со трајни вредности, Менаџер на годината, Млад маж на годината, Маж на годината со најголем придонес во спортот, Маж на годината со најголем придонес во културата, Маж на годината со најголем придонес во општеството, Маж на годината со најдобар стил, Маж странец и Маж на годината во избор на социјалните медиуми. Настанот кој ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели кај нас, ќе биде спој на гламур и елеганција, со што сигурно ќе биде еден од настаните кои ќе ја одбележат годината кај нас.
Поддржувачи на настанот
Изборот на Мажи на годината е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и Асоцијацијата на менаџери на Македонија. Исто така поддржан е од голем број на медиуми кои се покровители на настанот. Настанот оваа година е спонзориран од Double Tree by Hilton Skopje. Како и минатата година така и оваа манифестацијата ќе може да се следи онлајн преку официјалниот Фејсбук профил.
Водител на настанот
Како и минатата година, така и оваа водител на манифестацијата ќе биде Миа Костова. Нашата водителка која ја краси зборот елеганција претставува сѐ она што еден маж го заслужува.