Традицијата во Електроелемент продолжува - Традиционален Куќен Саем во Електроелемент со преку 20 излагачи!
- Детали
- недела, 13 октомври 2019
Во отсуство на саем каков што порано беше Технома, веќе четврта година по ред, компанијата Електроелемент организира традиционален саем на кој им дава можност на брендовите со кои соработува пред купувачите да ја изложат и презентираат својата најнова технологија.
Електроелемент е еден од водечките брендови во државата кога станува збор за големопродажбата, а во последните неколку години бележи и огромна експанзија во малопродажниот сектор преку својот бренд Електрометал. Менаџментот на Електроелемент ја препозна потребата на клиентите барем еднаш во годината да се запознаат со најновите техничко-технолошки достигнувања на брендовите кои ги увезува, па така веќе четврта година по ред го организира Куќен Саем.
На просторот пред маркетите Електрометал во Маџари (ул. Перо Наков бр. 25) преку 20 брендови ќе се претстават со своите најнови производи и технологија, а сите клиенти на Електроелемент ќе имаат можност да се запознаат со претставници на брендовите, да склучат договори, да се информираат и секако да се дружат и забавуваат.
Оваа година, излагачи ќе бидат: ETI, Tem, Ekva, Tehnoelektro, Legrand, BOSCH, Einhell, Kouvidis, Rade Koncar, Pitura, Soudal, Relpol, Philips, Slovplast, Unitehna, Levior, Armatura, Cersanit, Pestan, Geberit, Hyundai Lighting, Teh-Tel и Keramika Kanjiza.
Особено интересни за пошироката јавност се DEMO-TRUCK штандовите на брендовите BOSCH, Einhell, Geberit и Pestan каде и практично можат да се запознаат и да ги пробаат производите.
Освен саемското изложување, предвидени се и специјализирани презентации ТЕМ, Philips, Legrand, Ekva и Einhell.
Куќен Саем ќе се одржи на 16 и 17 Октомври (среда и четврток), а добредојдени се сите заинтересирани. Посетете го и бидете во тек со најновите технолошки достигнувања на врвните брендови.