Првата парада за права на животните ќе се одржи на 13-ти октомври: „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори“

Првата парада и фестивал за подигнување на свеста за хумано однесување кон животните, ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, кој организаторите го нарекоа „Шепологија“.

prvata-parada-za-prava-na-zhivotnite-kje-se-odrzhi-na-13-ti-oktomvri-dojdi-tancuvaj-pomogni-doniraj-povtori-01.jpg

„Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори, а сето ова е поради тоа што „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РСМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк со група учесници.

Имено, Ноќните Волци, возилото со музика со химната на парадата, танчерската група Беатрикс, тапанарите Skopje Drumline и поворката од граѓани и активисти ќе извршат едно позитивно двочасовно парадирање низ улиците сè до 15 часот кога се очекува пристигнување во Градскиот парк.

Овде започнува и вториот дел од настанот, пред Школка, каде ќе се случува музички хепенинг и ќе вклучува и многу други учесници. За музичката програма ќе се погрижат: DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers.

Модератор на настанот ќе биде добро познатиот залагач за животните и природата и секако за луѓето - Ване Маркоски, кратко дефиле ќе изведат дечињата од Агенцијата Моделс ИН, а гостите ќе можат да пробаат од вкусната храна на Ресторан Маркт и Ресторан Фрешис, како и да се освежат со убавите пива на Пивара Темов и уникатните кафиња на Крем Кафе. Фестивалот е предвиден да трае до 22:30 часот.

Од организацијата „Шепасти ентузијасти“ повикуваат да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг.

Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблесен и хуман.

prvata-parada-za-prava-na-zhivotnite-kje-se-odrzhi-na-13-ti-oktomvri-dojdi-tancuvaj-pomogni-doniraj-povtori-02.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg