Емотивни балади и филмска акција: Саша Ковачевиќ ги помести границите со две нови видеа
Посебно внимание привлече спотот за песната „Проклето и свето“, чие сценарио е сместено во затвор, а Саша глуми затвореник кој планира да избега...
Поп-ѕвездата Саша Ковачевиќ приреди спектакл за своите обожаватели, објавувајќи две нови песни: „Није нам се дало“ и „Преклето и свето“.
За песните Ковачевиќ сними и два моќни спота, кои предизвикаа огромно внимание и буквално ги „запалија“ социјалните мрежи.
Овие две песни претставуваат продолжение на неговиот албум „Носталгија“, кој го освои регионот со емотивни и квалитетни песни.
Песната „Није нам се дало“ е емотивна балада за љубов која не успева, додека „Проклето и свето“ комбинира силни емоции и драматични звуци во препознатливиот стил на Саша.
Со овие балади, Ковачевиќ уште еднаш успеа да го расплаче регионот, допирајќи ги фановите со искрени емоции и моќни текстови.
Посебно внимание привлече спотот за песната „Проклето и свето“, чие сценарио е сместено во затвор.
Саша глуми затвореник кој планира да избега, што додава доза на акција и драма во приказната.
Визуелниот квалитет на видеото го засилува присуството на талентираните актери Ана Томиќ, Јован Лола Савиќ и Борислав Богосавац, кои внесоа автентичност и емоции во приказната.
Социјалните мрежи се преплавени со коментари од воодушевените обожаватели, а кои истакнуваат дека Саша уште еднаш ги поместил границите кога станува збор за музиката и визуелното изразување.
Публиката со нетрпение очекува во живо да слушне нови хитови, кои веќе имаат посебно место во нивните срца.