Најконтроверзните (и најпровокативните) музички спотови снимени досега
Anaconda на Ники Минаж и Blurred Lines на Робин Тик се мал дел од бројните музички спотови кои јавноста ги смета за контроверзни од разни причини. Кој е најконтроверзниот спот според вас?
Музичарите стануваат сè послободни кога снимаат музички спотови, па денес разголените гради и задници не се нешто неочекувано.
Сепак, има и спотови кои се истакнуваат и над провокативните сцени на кои се навикнавме.
Постојат и спотови кои некои ги сметаат за навредливи, па вреди да се најдат на листава.
Дел од најконтроверзните спотови на сите времиња:
Ники Минаж – Anaconda
Спотот изобилува со „тверкање“ и сцени во кои во преден план се задниците на Ники Минаж и нејзините танчарки.
А, и се претпоставува дека текстот на песната е метафора за сексуалноста на Ники.
I Want to Break Free – Queen
Денес спотот на Queen не би привлекол многу внимание, но во 1980-тите, кога беше издаден, за јавноста беше шок да го види Фреди Меркјури во женска облека.
Elastic Heart – Сиа
Спотот на Elastic Heart нема голотија, но се најде на мета на критики од друга причина.
Во спотот ги гледаме актерот Шиа Лабаф и танчарката Меди Зиглер кои танцуваат во кафез.
Проблемот е што во спотот, Меди има само 12 години.
Heart-Shaped Box – Nirvana
До денес се дискутира за значењето на спотот на Heart-Shaped Box и некои се сигурни дека бендот само сакал да изнуди реакција преку шокирање на јавноста.
Спотот изобилува со бизарни сцени без навидум никакво значење, како маж „распнат“ на крст како Исус, со капа на Дедо Мраз.