Браво! Ана (13) од Битола остава без зборови со својот моќен настап на јуниорскиот San Remo (видео)
Паралелно со тоа почнавме да го осмислуваме фустанот за настапот заедно со Емилија Ангеловска во нејзиното ателје.
Тогаш почна и целокупната подготовка на патувањето од трансфер до аеродромот, преку авионски билети, хотели и за сето тоа беа задолжени моите родители, кои сами го финансираа патувањето за нас четворица, моите родители, јас и брат ми.
Инаку, јас самата ја избрав песната Voilà, бидејќи од мала го изучувам францускиот јазик и ја почитувам многу француската култура.
На самиот фестивал најголем впечаток ми остави интензивното и искрено дружење помеѓу учесниците, извонредната изведба на камерниот оркестар на San Remo, кого го предводеше професионалниот и исклучително трпелив диригент Марио Натале.
Мојот настап сакавме да биде изненадување, па дека ќе пеам на фестивалот знаеја само најблиските. Но, откако го објавивме настапот, добивме многу позитивни реакции и сите со воодушевување го коментираат настапот.
Во врска со наградувањето, наградените учесници на овој фестивал ќе бидат прогласени во сабота, на 20 април“.
Мајката на Ана, пак, Билјана, ни кажа:
„Ана ги освои срцата на оркестарот, диригентот и сите присутни во салата уште од генералната проба, а доколку има и награда, таа ќе биде круна на ова наше семејно дружење и патување“.
Погледнете го настапот на Ана на San Remo Junior:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: приватна архива